И јас имам нешто од средно, нешто од матура...
http://ipkisijameskosa.blogspot.mk/2012/06/blog-post.html
На класен во понеделник:
- Во средата на таа и таа дата отсутни биле Никола, Никола, Игор, Љупчо. Зошто?
Никола Ч:
- Професоре, ми падна шеќерот, па ми се снеарне, па си ојдов дома!
(Никола е дијабетичар. Од мал, од седмо одделение. Со инсулин се боцка. Единствено тоа не ми се допаѓа кај мојот најкул другар, ама што е то е. Еднаш се нафиксав и јас со инсулин, интересно е, ама за тоа во некоја друга прилика).
- Добро Никола, еве оправдани. Другио Никола! Кај беше ти?!
Никола Х:
- Професоре на Никола му падна шеќеро, па мораше да си оди дома, ма да не го оставам сам, појдов со него...
- Добро, оправдано. Игор, ти?!
- Па професоре знајте дека имам проблеми со стомакот, а и мајка ми беше, Ви кажа... Ме фате стомакот, си ојдов дома професоре.
- Добро, оправдани. Љупчо, кај беше ти?
Овие копуциве ги искористија џокерите, па без некое големо мислење одговорив:
- Избегав професоре!
- Да ви ги ебам врвците да ви ги ебам! Четворицата имате избегано заедно! Ќе ви кажам јас вас! Еве ти и тебе оправдани како тие другите шо лажат, ај да не чкртам во дневнико, најичкртан е нашиот дневник заради вас...
готово ктај....ова е врв........имав слична дешавка и јас во средното...