Ај да не отварам нова тема, овде ќе си прашам.
Прашав во неколку продавници за автоделови, и ми понудија вакви амортизерчиња за гепек, по цена од 600 па до 900 за парче. Во Автолидер во Чаир, беа пар за 700 ама пошто вработениот го мрзеше да пребарува што има на лагер, ми рече дека нема такви какви што барам. Пред бит пазар има една продавница за vw и ми рекоа дека им се потрошиле моментално па за месец дена да дојдам ќе имало а цени од 600-800 за парче. Прашав и во Автолидер спроти Олимписки базент и ми дадоа цена од 900 парче плус 1 година гаранција, марка Monroe.
Прашањето ми е, ги бива овие monroe или има некаде подобри а и за поевтина цена?
Заборавив да напоменам, ми требаат за пасат караван од 98 година