Кларксон и компанија како да заборавија дека имаат фанови кои ги пратат повеќе од една деценија...или мислат дека истите патат од амнезија..или па не ги заболе за старите фанови бидејќи имаат премногу нови фанови...
Ок, Фордот (а и Мерџанот) се порњава и тоа од оние по тврдите...али се останато е веч виџено...многу пати...со Астон..со Мекларен Мерцедес..Со Ферари V12...
Едино што е различно е ЦД то кое му го даваат да го слуша во колата...
Самиот Џереми во една прилика имаше кажано за гранд тур а и за топ гиар последните сезони важеше, дека они праат some kind of entertainment show which happens to have cars in it(не го ставам у наводници пошо не е цитат него нешо у тој стил беше), башка пола свет не ги глеа ради колите, ги глеа од навика ради "глупирањата" нивни меѓусебни.
Не се разбираме.
Нормално дека се entertainment show a не car review show...мораа на таа карта да се вадат за да не попијат казна од Елон Маск у Тесла.

Муабетот е дека јас ( а верувам и многу други) ги гледам 10 години, по најмалку 2 пати секоја епизода и гледам премногу повторување, идентично сценарио во кое имаш кола која Кларксон ја вози (Мекларен Мерцедес, Ферари Скалиети, Астон Мартин, Мустанг Шелби, Нисан ГТР и сега Форд ГТ) и се трка против јавен превоз (воз, брод, авион) до одредена дестинација , каде, како што реков едина разлика е ЦД то кое Кларксон го слуша во колата...(еднаш учи јазик, втор пат се говорите на Маргарет Тачер, сега беше аудио книга на Џејмс Меј).
Истото важи и со 3 половни коли кои го возат со мал милион кварови до негде...
Истото важи и за Африка, Боливија, Аргентина спешал....
Одамна им фалат тазе идеи, независно колку се јаки колите кои ги возат.
Не дека нема да ги гледам во иднина, али одамна не ме изненадиле.