само фирма која има влез на таква роба може да ти заврши работа. со задоволство би ти помогнал јас, ама неможам... немам влез на таква роба.. значи мора да има фактура према мене од продавач, која сум ја платил (или ќе ја платам) на паркинг сензори, монитор и се што треба.
чекор понатака, решението за тебе е:
да ти платат на трансакциона сметка, и да одземат сума за персонален данок кој ке го уплатат директно на рачун на буџет на рм, или нека ти платат целосно, а ти да си платиш 11,12% персонален данок. како доказ за потребна уплата е меѓусебен договор (меѓу тебе и таа фирма) во кој ќе пишува што се вградува и за која сума...
овака јас работев на времето кога немав фирма, и како што гледам и ден денес тоа функционира, бидејки државава ја интересира данокот да биде платен и ништо друго... провери кај правник, ке видиш дека е лесно, едноставно и сосема законски чисто.