Јас нарачав вакви педали од АлиЕкспрес и не беа баш идеални. Педалите за кочница и куплунг беа океј, и гумата на педалите actually беше гума. Арно ама, на footrest-от гумата беше многу крута, скоро пластична. Педалата за гас беше таква украсна со „гума“ што исто така беше пластична наместо гумена, па се лизгаше. Плус, дополнителен проблем е што тој украсниот алуминиум за педалата за гас никогаш не остана убаво фиксен, пошто е наменет за кинески педали што ја немаат гумената „пета“ доле.
Има подобри и поквалитетни комплети во АутоЛукс, не сум сигурен колку точно коштаа. Мислам околу 2000 денари, ама има многу работа пошто треба комплет да се демонтира педалата за гас, да се расклопи и да се замени педалата сосе носачот (не е цела како оргиналот, туку само еден дел се менува).
На крај ми пукна филм, си ги купив оргинални во Порше и педалите и footrest-от. Не сум сигурен колку ги платив, ама сигурно не беа 200 евра.