Автор Тема: BMW 320 2003 година , 150кс- 6 брзини - мислење во врска со одржување и кварови  (Прочитано 4086 пати)

Отсутен nikolaa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Ве молам за мислење во врска со кваровите и тековното одржување на колата, кои и се маните и сл. :)
« Последно менување: 21 Април 2016, 09:03:18 am zeroSignal »

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Глупо е седењето на возачко и совозачко седиште.

Edit: Можеби сум грешка, ова на фејслифт ми личи. Јас имам возено и се имам возено во пред фејслифт модел. На тој модел се однесува коментарот погоре. Ако подоцна се променило нешто внатре тогаш ок, ако не - важи истиот коментар.

Земете во предвид дека сум нешто ситно под 200цм висок.
Јас го сметам за квар ако не можеш да седниш убаво а се декларираш класа кола.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
и ја сум нешто ситно под 200см, па многу удобно и комотно седам во моето купе е46, можда е до спорт седиштата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одлично е седењето. Ниско, тотално си во контрола на колата. Кварови, ќе извадиш swirl flaps ако има и ништо друго нема да имаш проблеми со тие мотори. (претпоставувам за дизел е прашањето)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
и ја сум нешто ситно под 200см, па многу удобно и комотно седам во моето купе е46, можда е до спорт седиштата.
Можда би го заменил со - „сигурно“ во случајов.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Јас пак сум имал и со најобични седишта, и со спортски седишта. Позицијата на седење е иста. Удобноста и лумбалната поддршка е различна.  Спортските те прегрнуваат, обичните не. Спортските имаат поддршка кај подколениците, обичните немаат.

Седиштата кај е46ка се подесуваат напред назад, во длабочина, и сето тоа треба да се искомбинира со аголот на потпирачот за грб. Малце повеќе време треба додека да се намести за идеална позиција, плус контролите се малце стегнати и повеќето се откажуваат од местење.

 Јас сум 8 цм под 200.  А можеби ми е удобно и затоа што сум некој стантим понисок.


За другите работи, шајбна на радалица (околу 300 евра), инјектори, замаец, пеперутки во усисна грана, некоја дизна, сепараторот за маслени пареи. Кај овие со 6 брзини се фаќа замаец и од е90 кој е поевтин од оној за е46. После 2004та имаат и електронски вентил за контрола на турбина. Гарант ќе поправаш и греачи релеј (затоа што овие палат и без греачи). 

Одржување, 6 литри синтетика на 10к километри (5-30/5-40), филтери.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
пола од сите можни дефекти му ги наброја...
:) :) :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
пола од сите можни дефекти му ги наброја...
:) :) :)

Тие болат најмногу. Другите не болат, ама се досадни.  :D

Тоа што набројав, треба да си провери. 
Шајбна на радалица кај м47 се менува на 180-200к километри. Сервисен интервал. (превентивно)
Пеперутки. Имаш две опции. 800 евра за нова ревизирана усисна грана, или 50 евра за затапување. Ревизираната усисна грана може да се купи само од БМВ. Затапувањето, во гаража кај Боро. Примерно.

Дизните, можеби и нема да ги прави. Но, мора да ги закачи на дијагностика во движење. Самиот софтвер ги тера да компензираат една со друга со вбрузгување повеќе, помалку нафта, за да осигура оптимална работа. А сам знаеш дека ако некоја компензира премногу (моча во цилиндар), најверојатно ќе стопи клип. Е сега замисли, ако му предложат и ремап на дизни од кои две мочаат.

Греачи + Релеј. Кај нас е нормално да возиш со цркнати греачи се додека пали. Можеби ќе купи кола кадешто се сменети. А релејот, можеби и нема да го поправа.

Замаец. Трактор е. Има вибрации. Ако не му е сменета шајбната на радалица, уште повеќе. Ако не му се сменети држачите на мотор, уште повеќе. Ако прави ремап до кај 180 кс и вртежен момент докај 380 Нм (сток е 330Нм), кај ќе му е крајот. Сѐ комплет е околу 600-700 евра да се смени со квалитетни делови.

Филтер за маслени пареи, се менува исто со ревизиран, кој според БМВ е вечен. Чини околу 50-60 евра и не може да се најде заменски. Мора ОЕМ.

Се разбира ова се само мои размисли и проблеми кои можеби и ќе ги нема човекот ако најде добар примерок.

БМВ ти е скап спорт, ама не толку многу скап колку Волво.  ;D ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Swirl flaps е фабричка маана на овие мотори. Мора да се извадат оти влегуваат во усис и мотор капут. Се решава за ситна пара.
Луки додаде и шајбна на радилица, но според цената делува ко да е цела радилица. Другото си е стандард за секоја кола.

Скоро возев неколку Е46 320D 150, немаа проблем со дизни и замаец. Овие модели имаат многу квалитетна внатрешност, не им се познаваат километрите.  Убава вожња имаат. Заедно со W203 (rostfrei) се најдобри коли за парите во моментов.




Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Тоа што го имам читнато за шајбната е дека најдобро е да се купи ОЕМ. Има заменски кои се за 50% поевтини, ама во просек издржувале околу 50к километри. Замената се врши со специјална апаратура, и чини околу 50тина евра.

Мојата логика е, подобро ОЕМ и една замена за 200к километри, отколку три заменски и три замени за 200к километри. Ама секој со неговиот есап.

Пак не си дочитал, тоа финтата со дизните. Не можеш да осетиш дека имаш проблем се додека работата не стане ептен сериозна.

http://workshop-manuals.com/bmw/3_series_e46/320d_m47tu_sal/1_service_information/13__fuel_system_(m47tu)/7_si__service_function__injector_volume_compensation__e46_m47tu/

А за замаецот, и кај мене на тракторот нема проблем после промена.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Дали е нешто специфично за BMW и се случува на многу мала км?  Ако одговорот ти е да и да на двете прашања, тогаш си во право.
Сум видел неколку стопени мотори од неисправни дизни, но сите биле бензинци. Последен беше за чудо БМВ, Е46 318.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
А никој не му спомнавте дека нема BMW 3 од оваа серија со над 180к што нема сменето турбина? :D :D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Дали овој модел ја носи озогласената Бош Пумпа ВП-44 или грешка сум?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Ова е редизајнот со CR 150, таа бош пумпа 'од Опел' ја има во прифејсот со 136.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Ахм тогаш океј е од таа страна .....