Ja го возам истиот мотор Z14XEP (и Z16XEP(R) e ист) и не мислам дека моторот ја прегрева бобината. Слушав верзии дека дека штрафовите што ја држат бобината се загреваат и на тоа место пластиката се топи и пробива преку штрафот на маса. Затоа знам доста луѓе кои ги вадат штрафовите или заменуваат со тефлонски. Бобината гори ако не ти чинат свеќиците или лошо налегнува на нив (лош контакт, прелазен отпор...), а претпоставувам дека ги прашуваш Плимонт заради повисоките температури што се развиваат при согорувањето на плинот. Ја возам на плин, а разговарав и со marsher кој е гуру за Опел, према неговите сознанија, а и сознанијата на неговите колеги надвор од државава причината за горење на бобините е пред се во нивниот тогашен неквалитет или лошо подесениот зазор на свеќиците, неквалитетни свеќици, истрошени свеќици, свеќици со гареж на нив (лошо согорување) и тн. Гледам го пратиш хрватскиот форум... ова беше случај за тие до 2006 г. Па ти тргни го украсното капаче и пипни ги штрафовите, чим можеш со рака да ги издржиш пластиката сигурно нема да се стопи. Ова е мое мислење, а ти прашај и во сервисите на Опел.
Како и да е, зборот ми беше дека Плимонт нема врска со бобината на колата, затоа и се зачудев на прашањето како го решаваат проблемот со бобината
Сега здраво и добредојде, пошто не се претстави во темата
Претстави ни го и твоето ауто у гаража. Поздрав!