Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

<< < (13/51) > >>

Drive-r:

--- Цитат: Drive-r на 30 Декември 2016, 10:42:49 am ---
--- Цитат: Винер Осигурување на 30 Декември 2016, 09:23:33 am ---
--- Цитат: Drive-r на 29 Декември 2016, 16:06:06 pm ---Винер Осигурување ете така искажете малку професионалност и бидете реални.

Тука на форумот имате свој дел и треба да си ја искажете вашата професионалност а не дојдете кај нас ќе ви кажеме...

Прашање:
Пр. чукнато е возило во крило кое е старо 14 год. се прави европски и корисникот си го носи во овластен да се поправи.

По правило мислам дека иде ново крило, припрема и фарбање.

Како ќе ја рачунате амортизерацијата тука или во целост ќе си исплатите?



--- Крај на цитатот ---

За професионалноста во работата на Винер Осигурување, нетреба воопшто да се сомневате.

На вашето прашање нема да може директно да Ви одговориме.
Пишавме и претходно, после 4 години старост односно од 5-та година па натака се пресметува по 10% амортизација за секоај наредна година, за возила над 14 години старост се смета дека вредат 10% од новонабваната вредност.
На тоа се пресметува колку работни саати се потребни за поправка, колку боја, материјал итн итн...
Дали оштетениот дел има претходни оштетувања кој се поправени или пак оштетувања кој се видливи итн...
Си има услови според кој се одлучува кога треба замена а кога поправка на оштетениот дел.
Не би сакале да ви дадеме погрешен одговор или пак да Ве наведеме на погрешно мислење.

Ќе повторам уште еднаш, доколку имате одредени нејаснотии околку одредена штета или процена на истата, која и не мора да е во нашата компанија, слободно можете да ни се обратите, нашите проценители секогаш Ви стојат на располагање за да Ви излезат во пресрет на вашите барања и да Ви дадат одговор на вашите прашања, како што веќе неколку членови од форумов и имаат дојдено да се консултираат за разни штети сторени во Македонија и во Странство.

Поздрав
Винер Осигурување 

--- Крај на цитатот ---

Прашањето што го поставив и ќе додадам нема други оштетувања и претходни преправки.

Крајот како ќе излезе?

--- Крај на цитатот ---

Истото прашање?

n1kola:
Здраво Винер,  колку пари е оваа година полиса за скутер 50цм3;  2,6 kW ?

vlatko.klp:
Каско за нова кола од салон 20.000 еур вредност да речеме кошта 500 евра. Втората година цената на каското генерално иде надоле или нагоре?

smole:
nadole

Спенсер:
Некој од поупатените во овие работи да ми каже, дали цената на полисата за АО ја одредува националното биро за осигурување ? Или максималните попусти за неа ? Знам дека зелениот картон е стандард секаде, одреден од бирото.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија