Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

(1/51) > >>

Винер Осигурување:
Почитувани форумџии
Доколку Ви е потребен одреден совет или пак имате одредени нејаснотии со одреден тип на осигурување, слободно можете да ни пишете, ќе се потридиме да Ви одговориме во најкус можен рок.
Тука ќе може да не контактирате доколку Ви е потребна и цена за Автоодговорност, Зелена карта или пак Каско осигурување, како и совет во врска со итите.

Исто така доколку некој има пријавено некаква штета по било кој основ, ќе Ве молам да не контактирате за да Ви излеземе во пресрет за побрзо и навремено решавање на истата.

Поздрав
Винер Осигурување

AllMightyMe:
Еве вака, разрешете ја дилемата, дали за мопед/велосипед со мотор до 50цц3 треба и регистрација со налепница или само автоодговорност?

п.с. добродојдовте

п.п.с Дали е тоа профил на осигурителен агент или ПР службата на матичната компанија?

Simo - Carrier159:
И јас да си прашам. Имав кола која што ја продадов пред месец дена. На осигурувањето имав одреден попуст (5 години во моја сопственост без да направам сообраќајка). Дали може да го префрлам попустот на другава кола која ја купив лани, и на која немам попуст, и доколку е возможно, што ми е потребно за тоа да го направам?

Винер Осигурување:

--- Цитат: AllMightyMe на 11 Април 2016, 11:51:55 am ---Еве вака, разрешете ја дилемата, дали за мопед/велосипед со мотор до 50цц3 треба и регистрација со налепница или само автоодговорност?

п.с. добродојдовте

п.п.с Дали е тоа профил на осигурителен агент или ПР службата на матичната компанија?

--- Крај на цитатот ---

Ние може да ви дадеме информација околу полисата за автоодговорност, за тоа дали ќе треба лепенка или регистрација, најдобри би било да прашате на некој од шалтерите на МВР.

Благодарам на убавото добредојде.

Профилот е на матичната компанија и го работи ПР службат ана Винер осигурување, НО зависно од типот на прашањето може да одговори и некој од колегите кој работи на соодветниот тип на осигурување или штета за која се однесува прашањето.

Винер Осигурување:

--- Цитат: Simo - Carrier159 на 11 Април 2016, 12:03:43 pm ---И јас да си прашам. Имав кола која што ја продадов пред месец дена. На осигурувањето имав одреден попуст (5 години во моја сопственост без да направам сообраќајка). Дали може да го префрлам попустот на другава кола која ја купив лани, и на која немам попуст, и доколку е возможно, што ми е потребно за тоа да го направам?


--- Крај на цитатот ---

За да може да се префрли попустот од една на друга полиса, потребно е да се приложи купопродажен договор од отуѓеното возило (доколку новиот сопственик ја нема променето полисата) и истиот момент да се изработи нова полиса за новото возило. (Во одредени случаи попустот сам се префрла, но доколку не се префрли се праќа барање до Националното биро за осигурување и веднаш се средува). Морам да напоменам дека за да се префрли попустот лицето не треба да има друго возило на негово име.

Во вашиот случај, бидејќи возилото веќе е регистрирано, и е поминато одредено време, ќе Ве замолам доколку АО полисата Ви е во Винер да поминете во нашата дирекција, како би направиле скен од соодветните документи кој се потребно, и да пробаме попустот да го имате наредната година.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија