Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
Zile:
Колку што знам, национално биро ја одредува цената па на таа цена компаниите си го додаваат ќарот. Исто попустот ти го одредува национално биро но и компаниите можат да се откажат од дел од ќарот и да ти дадат попуст од нив.
Информацијава земи ја со резерва.
Sent from my MI 4S using Tapatalk
Винер Осигурување:
Премијата за Автомобилска одговорност е утврдена од страна на Националното биро за осигурување и тоа:
- За патнички возила
Сила на мотор КW Премија
До 22 3.414
Преку 22 - 33 4.077
Преку 33 - 44 4.739
Преку 44 - 55 5.453
Преку 55 - 66 6.166
Преку 66 - 84 7.134
Преку 84 - 110 8.510
Преку 110 10.294
Ова се основните премии за Автомобилска одговорност согласно киловатите на возилото.
На овие премии следува дополнителен бонус доколку сте немале штети или пак малус доколку сте имале штети.
Максималниот попуст кој може да се добие е 50%.
Цените се тие, бонусот и малусот го одредува исто така Националното биро за осигурување.
Компаниите немаат можност да ги менуваат овие цени, она што го споменува @ZilePunto е всушност откажување на агентите од дел од провизијата која им следува.
Доколку имате дополнителни прашања или пак одредени нејаснотии во врска со цените на полисите за Автомобилска одговорност, ќе Ве молам да ни пишете, за да може подетално да Ви објасниме.
Поздрав
Винер Осигурување
MecheTo:
Пред една година брат ми со мојата кола го ‘потфатил‘ малку комшијата,на мојата кола немаше ништо,а на комшијата имаше само две бели линии кои со влажно марамче ги снема.Пошо досадваше му ја дадов полисата(иако го понудив со поправка во кеш),направивме записник и се шо треба...ПОосле тоа на регистрација наместо полисата да ми почне од 8510(пошо возилото мие 110кв) поради казна од националното биро мене ми почна од 10.000ден...
Како ги одредуваат тие казните?
Bojan j:
Си го изгубил попустот поради активирана полиса.
Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
MecheTo:
Немав попуст ,прво возило е на мое име.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија