Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
kalimero:
--- Цитат: MarceCvarce на 12 Март 2017, 11:44:07 am ---За да може да исплаќаат штета полесно :)
Сега важи муабетот недај боже да те удри некој осигуран во Винер
--- Крај на цитатот ---
Од кај па сега тој муабет, посочи ми пример во ПП и ако стварно е обесправен некој ќе се потрудам да добие и повеќе од што му следува.
Стварно ова е форум и секој може да пише што сака, ама барем тука секој што се обратил или имал штет аво Винер бил истретиран како што треба без разлика дали станува збор за штета или пак за полиса.
Немојте со безвезе муабети Ве молам...
--- Цитат: Мартин_91 на 16 Март 2017, 13:09:49 pm ---Како повикан еве го моето искуство.
Јас сум членот што имаше штета, возилото што ме удри беше осигурано во Винер. Ми остана врежано во глава дека членот Калимеро има кажано дека работи во Винер, а зошто претходно не сум имал ваква случка го контактирав.
Ми кажа како оди постапката, уште еднаш да му се заблагодарам зошто човекот стварно се ангажира да заврши работа. Утре дента бевме до Винер со нивниот клиент и возилото можев да го оставам истиот ден на поправка. Јас го оставив една недела зошто ми се поклопи терминот со планирано патување. Ако го оставев одма ќе си го земев поправено за една недела по случката.
Калимеро ми кажа дека тоа е редовна постапка кај нив, не дека сум добил привилегии зошто се повикав на него.
Според моето искуство останува само да го префрлам осигурувањето кај нив на наредна регистрација, така се привлекуваат клиенти.
--- Крај на цитатот ---
Баш ми е кеиф што си задоволен, и да процедурата е таа, можеби два три дена повеќе додека да се распредели и да се обработи, јас само замолив тоа да биде веднаш.
Кога ќе регистрираш повторно обрати ми се, овој пат за да добиеш подароци кој ти следуваат како член на Карклуб.
Надвор од ова...
Многу ми е кеиф кога некој ќе дојде не со намера да се кара туку ете биднало беља и дај сега што да направиме да се среди, така ќе помогнам на било кој и ќе се заложам веднаш се да се среди.
А кога некој уште невлезен доаѓа со намера да се кара затоа што он негде слушнал нешто или ќе почне со приказните дека сме биле апаши, вака, онака, нити имам желба нити имам кеиф да помогнам, зошто на крај од ден тој пак ќе биде незадоволен зошто кај тие се нешто ќе им фали и нема да им биде како што треба.
Од форумов имало неколку членови кој се обратиле и кој се задоволни ама имало е такви кој се обратиле свесно да направат превара, едниот го фатија ама замижаа и исплатија 100 евра, тоа после на нос ми излезе мене, а членот пак беше незадоволен зошто на друго место повеќе ќе исплателе, НЕ немаше да исплатат туку ќе завршеше со пријава против него ама ...
Кај друг член имаше промена на возачите и пак имаше некое незадоволство...
Ако се си е регуларно, нема потреба никој да се замара, до денар се ќе биде исплатено и поправено.
MarceCvarce:
Калимеро, секоја почит према тебе и тоа што си го заштитуваш местото каде работиш, ама јас несакам да треба да те барам тебе или познатите кои работат во осигурување (било каде) за да коректно завршам работа а не да се плашам дека ќе ме зезне некој
баш убаво што сте им помогнале на сите кои се обратиле тука или преку тебе. јас имам друго искуство кое беше пред година дена, и немам намера да напишам тука реферат. помина после неколку месеци одлагање но само еден ден после реакција во овластената агенција за регулирање на вашата дејност.
Ти си најкоректен ама не сте сите таму такви.
Муабетот мој не е безвезе туку од автолимарските сервиси овластени за поправки.
ниту сум рекол дека сте апаши ниту сум навредил некој.
затоа понатаму ке прекунам да пишувам комплетно на темава, големи се сите тука за да си донесат одлука сами.
Спенсер:
--- Цитат: Винер Осигурување на 16 Март 2017, 09:47:45 am ---
--- Цитат: Спенсер на 12 Март 2017, 01:16:20 am ---Винер, дали каско полисите ви се поскапени ~30% ? За ТМВ прашувам ? Ако да, на што се должи тој крајно нелогичен и глуп потег од ваша страна ? :)
--- Крај на цитатот ---
Би сакал да Ви напоменам дека сега каско полисите не се скапи, туку се на ниво на останатите компании, претходно беа многу ефтини.
Инаку како член на форумов доколку сте заинтересирани за каско осигурување слободно може да ни се обратите тука или пак на членот Калимеро, при што ќе добиете соодветни поволности.
--- Крај на цитатот ---
Почитувани, ја најдов белешката на која споредував за минатогодишната (фебруари 2016), сегашната и на понуда од друга копманија, да не ја именувам сега. Иначе минатата година не е пријавена штета, и се работи за истото возило во сите 3 случаи-понуди, без франшиза се сите 3 понуди. Порано беа на ниво со другите, сега се малку (многу) поскапи и не се на ниво со другите компании. Доколку на понудата од 2016, се добие 10% попуст за непријавување штета, се добива цена со занемарлива разлика од друга осигурителна компанија. Тогаш би била идентична понудата.
Јас ги добив овие цени, и 2 пати прашав да не е грешка нешто, при што ми одговорија дека не е грешка и дека моментални цени се тие.
Поздрав и секое добро.
Мартин_91:
--- Цитат: MarceCvarce на 16 Март 2017, 15:24:16 pm ---Калимеро, секоја почит према тебе и тоа што си го заштитуваш местото каде работиш, ама јас несакам да треба да те барам тебе или познатите кои работат во осигурување (било каде) за да коректно завршам работа а не да се плашам дека ќе ме зезне некој
баш убаво што сте им помогнале на сите кои се обратиле тука или преку тебе. јас имам друго искуство кое беше пред година дена, и немам намера да напишам тука реферат. помина после неколку месеци одлагање но само еден ден после реакција во овластената агенција за регулирање на вашата дејност.
Ти си најкоректен ама не сте сите таму такви.
Муабетот мој не е безвезе туку од автолимарските сервиси овластени за поправки.
ниту сум рекол дека сте апаши ниту сум навредил некој.
затоа понатаму ке прекунам да пишувам комплетно на темава, големи се сите тука за да си донесат одлука сами.
--- Крај на цитатот ---
Нормално е дека во секоја фирма ќе има задоволни и не задоволни муштерии.
Јас отидов без никаква намера да ќарам, кажав одма дека пари не сакам, сакам колата да биде како што била претходно и затоа ќе ја носам во официјален сервис. Знаејќи каков однос имаат во други компании кога треба да се исплати штета, очекував и тука да има некој испад.
Не само Калимеро, туку и другите вработени со кои имав контакт беа ОК. Ако истата услуга ја добијам и без да искористам џокер, макар и да трае процедурата подолго неколку дена како што кажа Калимеро, јас ќе бидам задоволен.
Banzai:
Според нашето досегашно искуство како адвокатска канцеларија која работи предмети со надомест на штети, Винер е многу далеку од најлошите осигурителни компании. Неколку пати сум го кажал моето мислење и рангирање, па да не се повторувам, али Винер си останува таму некаде горе во мојата листа, дури во последниве 6-7 месеци може да забележам и подобрување на квалитетот и брзината на решавање на штетите.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија