Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
smole:
--- Цитат: kalimero на 03 Мај 2022, 13:30:36 pm ---Погоре два пати плаќа штета компанијата и пак нечини, пристапот дека сите осигурителни се вакви или онакви не е во ред, никој не ги осудува она што го пишав погоре кога некој забушава или кога на овој или оној начин зима пари кој нетреба да ги земе.
--- Крај на цитатот ---
Да чинеше немаше да ме малтретираат да се допишувам со второстепена комисија, да бидам толку револтиран на форум да пишам и да решам да менувам осигурителна компанија. Да не треба да бидам благодарен затоа што сум го добил тоа што ми следувало? Полисата сум си ја платил во целост и на време, не ми ја подариле за беспари.
Тука друго е финтата - ако пројде пројде бидејќи не секој ja тера работата до крај. Некој ќе си рече "ај добро е волку што ќе ме исплатат можеше ни тоа да ми го дадат".
Тоа со слушање клиенти се бајки за мали деца, како да не знаат кои ликови каде им работат и како се понашаат. Пак ќе речам - во Винер работат и многу луѓе на место но проценителите се дно.
Да сакаат од централа да ги устројат проценителите тоа веднаш ќе го направат, ама после како ќе тепаат огромни профити ако исплаќаат на сите како што треба од прва. Не се ич наивни и тие од горе (газдите), впрочем од Австрија не дошле овде да прават бизнис дека многу не сакаат, туку за да млатат профит, а know-how-то го имаат.
И Граве се правеја мангупи не сакаа да исплатат штета како осигурувачи на штетник и покрај приложено машинско вештачење, па опомена пред тужба, па медијација (таков бил законот), па 1 рочиште на кое не се ни појавија и на крај сè си платија како попчиња + адвокатските трошоци на адвокатот (форумџија - поз до него). Така да ако имате случај со осигурување каде не сакаат да исплатата цела сума воопшто не им се плашете дадете ги на суд.
PS За осигурителните измами на запад осигурителните компании ангажираат детективски агенции и така ги фаќаат тие што прават ујдурми. Ама тоа кошта...
Mikius:
--- Цитат: kalimero на 03 Мај 2022, 15:57:55 pm ---Па штознам дали не се исплати, има луѓе што цело време осигураат стакла, дали е Фелиција или С класа он секако си ги осугура, навика или незнам како да ја кажам.
Мада сега на некој коли, еве Свифт ќе го земам за пример, нова шофершајбна е 61-62.000 ден, а да осигураш стакла е 3.900 ден, Нисан исто преку 60.000 им се стаклата, од друга страна има па и нови коли кој имаат нормална цена на стакла од околу 10-15.000 ден, збориме за оригинал, заменски има и за по 100 евра.
На крај секој со своја математика.
--- Крај на цитатот ---
Не се исплати да осигураш еднократно со единствена цел замена/кршење шофершајбна, не мислев на оние што редовно осигуруваат.
За југото не знаев, излезе дека е околу 3.000, а осигурувањето беше мислам 1000/1.500 денари.
На Меганот шофершајбната ја платив околу 8000, а осигурувањето беше околу 4.500 ако добро се сеќавам.
Епа за 4000 денари да се потресувам со документации далавери и сл. не сум таков тип
ToyotaLove:
Здраво,
Прашање до Винер.... како оди постапката и кои документи се потребни за суброгација по основ на каско полиса?
Навигација
Оди на целосна верзија