Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
Drive-r:
--- Цитат: Banzai на 30 Декември 2016, 10:45:51 am ---10% од новонабавна вредност на крило плус трошок за работна рака и материјал за фарбање.
--- Крај на цитатот ---
Значи дека европскиот нема да помине во целост, т.е. сопственикот на возилото ќе треба да си доплати уште 90% за крилото?
Спенсер:
Винер, дали каско полисите ви се поскапени ~30% ? За ТМВ прашувам ? Ако да, на што се должи тој крајно нелогичен и глуп потег од ваша страна ? :)
MarceCvarce:
За да може да исплаќаат штета полесно :)
Сега важи муабетот недај боже да те удри некој осигуран во Винер
Винер Осигурување:
--- Цитат: Спенсер на 12 Март 2017, 01:16:20 am ---Винер, дали каско полисите ви се поскапени ~30% ? За ТМВ прашувам ? Ако да, на што се должи тој крајно нелогичен и глуп потег од ваша страна ? :)
--- Крај на цитатот ---
Почитувани
Каско полисите скоро една година како се поскапени, поскапувањето на истите е одлука на менаџерскиот тим на Винер осигурување и верувајте дека тоа е во интерес на клиентите.
Претходната цена по која се продаваше каското неколку години претходно стана неодржлива бидејќи покрај искрени клиенти кој сакаат заштита, ниската цена привлече клиенти и сервиси кој сакаат да профитираат на сметка на другите клиенти, за да се избегне незадоволство со неисплата на штети и менување на услови, што е далеку понефер за клиентите бидејќи ќе добиваат каско за ниска цена со низок квалитет, чекорот кој го превзема менаџерскиот тим беше логичен.
Би сакал да Ви напоменам дека сега каско полисите не се скапи, туку се на ниво на останатите компании, претходно беа многу ефтини.
Инаку како член на форумов доколку сте заинтересирани за каско осигурување слободно може да ни се обратите тука или пак на членот Калимеро, при што ќе добиете соодветни поволности.
--- Цитат: MarceCvarce на 12 Март 2017, 11:44:07 am ---За да може да исплаќаат штета полесно :)
Сега важи муабетот недај боже да те удри некој осигуран во Винер
--- Крај на цитатот ---
Исплаќањето на штетите никогаш не било проблем за Винер осигурување, впрочем и со така ниски цени на каското Винер ја има исплатени највисоката штета по основ на каско осигурување за изминатата година, воедно има и најмалку штети во резервација.
Сите овие податоци Ви се достапни на веб страната на Агенција за супервизија во осигурување.
Ве уверуваме дека доколку возило осигурано во Винер ви причини штета или пак доколку имате штета на друг имот осигуран во Винер осигурување, проценката и штетата ќе Ви бидат исплатени во најкус можен рок.
Пред извесно време штета во Винер имаше еден член на форумов па дококу сака, истиот може да го сподели искуството со Винер осигурување, односот на вработените и исплатата и поправката на возилото.
Останува поканата до членовите на форумов кој имаат недоверба или пак одредени нејаснотии во врска со осигурувањето да дојдат во нашите простории каде детално би им го објасниле начинот на пријава, процена, обработка и исплата на штетите.
Поздрав
Винер Осигурување
Мартин_91:
Како повикан еве го моето искуство.
Јас сум членот што имаше штета, возилото што ме удри беше осигурано во Винер. Ми остана врежано во глава дека членот Калимеро има кажано дека работи во Винер, а зошто претходно не сум имал ваква случка го контактирав.
Ми кажа како оди постапката, уште еднаш да му се заблагодарам зошто човекот стварно се ангажира да заврши работа. Утре дента бевме до Винер со нивниот клиент и возилото можев да го оставам истиот ден на поправка. Јас го оставив една недела зошто ми се поклопи терминот со планирано патување. Ако го оставев одма ќе си го земев поправено за една недела по случката.
Калимеро ми кажа дека тоа е редовна постапка кај нив, не дека сум добил привилегии зошто се повикав на него.
Според моето искуство останува само да го префрлам осигурувањето кај нив на наредна регистрација, така се привлекуваат клиенти.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија