Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
kokos:
ако може едно појаснување како ќе се пресмета за автоодговорност и зелен картон ако возилото е на граница т.с 66 KW како на примерот подоле во пониската (55-66 KW) или повисоката (66-84 KW) стапка?
kalimero:
Ако ти е точно 66 киловати тогаш влегува во пониската тарифа, односно основна премија за АО полиса ќе ти биде 6.166 ден а Зелена карта 3.690 ден.
Ако имаш Киа Цид кој во сообраќајна ги пишуваа по 66,2 киловати тогаш влегуваш во поскапата тарифа за Ао и Зелена карта.
AUDI:
--- Цитат: Винер Осигурување на 06 Март 2020, 10:10:48 am ---
--- Цитат: AUDI на 05 Март 2020, 23:25:51 pm ---Здраво,ако може цена за полиса и зелен картон,плаќање во кеш? Поклонче нешто ќе има?
Ауди А4 Б6 1.9 ТДИ 96кв (131hp)2002 год.
број на шасија WAUZZZ8E92A069443
--- Крај на цитатот ---
Доколку возилото остане на истиот сопственик од претходната година:
- АО полиса со осигурени патници - 6.095 денари
- Зелена карта - 5.536 денари
Доколку возилото има различен сопственик од минатогодишниот:
- АО полиса со осигурени патници - 8.648 денари
- Зелена карта - 5.536 денари
Подарок секако ќе има, пишете ни откако ќе извадите полиса.
Поздрав
--- Крај на цитатот ---
Здраво,која ке биде цената оваа година за полиса?
Минатата година пријатно ме изненадивте со поклончето,оваа кризна ковидна година ќе има нешто :-X
Поздрав.
Винер Осигурување:
--- Цитат: AUDI на 18 Март 2021, 15:10:11 pm ---

Здраво Ауди,
АО полисата со осигурени патници годинава ќе Ве чини 8.223 денари.
Доколку Ви треба контакт од некој од колегите од Кавадарци пишете и ќе Ви испратиме.
Подарок секако ќе Ви пратиме, само Ве молам во ПП да ни пишете ваш контакт и адреса на која сакате да Ви стигне подарокот.
Поздрав
AUDI:
Точно до денар,денес извадив полиса,вработената која морам да признаам беше љубезна и пресимпатична самата ме понуди да ја дели на 8 рати,но си ја платив оддеднаш целата сума.
Да не отворам нов пост овој ќе го едитирам.
Пристигна и ветеното поклонче,благодарност до Винер.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија