Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

<< < (41/51) > >>

InSides:

--- Цитат: kalimero на 04 Септември 2019, 14:53:02 pm ---и тоа е така за да се пречат злоупотреби

--- Крај на цитатот ---

Благодарам, ова појаснува доста.


--- Цитат: Deni на 04 Септември 2019, 15:17:59 pm ---(1) Ако поинаку не е договорено, договорот за осигурување произведува свое дејство почнувајќи од дваесет и четвртиот час на денот што е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, па сè до завршувањето на последниот ден на рокот за кој е договорено осигурувањето.

--- Крај на цитатот ---

Значи има алтернатива.


--- Цитат: Deni на 04 Септември 2019, 15:17:59 pm ---А осигурителните компании само го почитуваат законот.

--- Крај на цитатот ---

Што значи, и ако се договорат поинаку, пак ќе го почитуваат законот.

Deni:
Зошто проблемот кој е решен со закон, од чиста мира, да си го префрлат во своја куќа?

Сакаш нешто, ене закон. Читај си. Чиста работа. Ем се заштитени од покривање штети ретроактивно - што им е најважно.

vlatko.klp:
Значи ако се има волја од двете страни, може договорот да почне да важе денеска во 18:43 и да е според законот.

InSides:

--- Цитат: Deni на 04 Септември 2019, 15:45:39 pm ---Зошто проблемот кој е решен со закон, од чиста мира, да си го префрлат во своја куќа?

--- Крај на цитатот ---

Е така де.

Ќе беше фино законите и да спречуваат можни злоупотреби од оние на кои им е наменет да ги штити. Конкретно, немав поим за важењето на полисата на ново возило од наредниот ден. Двапати досега сум плаќал суми кои сум можел да ги избегнам при преземање на ново возило да ми било кажано дека полисата ќе важи "од утре".

Секако, среќа дека немало потреба да се активира. Зашто ако имало потреба, отепај се докажувајќи дека не си известен за "начинот на кој треба да се чита осигурителната полиса, а кој е различен од универзално прифатените термини за од и до".


--- Цитат: vlatko.klp на 04 Септември 2019, 15:46:45 pm ---Значи ако се има волја од двете страни, може договорот да почне да важе денеска во 18:43 и да е според законот.

--- Крај на цитатот ---

Е така де.

Mikius:
Случај 1
Купив нова кола. На 13 06 2016 ги средувам сите документи, ги ставам таблиците и си ја земам од салон и веднаш фаќам за Охрид од живи радости. Мое очекување е дека полисата ми важи за тој ден и дека треба да важи до 12 06 2017.
Ама не, требало да се стрпам до утре.
На сообраќајна стои, извадена на 13 06 2016 и важи до 13 06 2017.

Случај 2 (друга кола)
10 дена пред истек на регистрација поминувам технички, полиси, итн, но шалтерот на МВР затворен.
Заминувам на пат на 2 недели (без колата), се враќам и си ја возам колата до работа сметајќи дека печатот е чиста формалност. Идам на шалтер и ме тераат да сменам датум на полиса за да можат да удрат печат.
Од осигурителна ми велат дека без разлика кога е извадена полисата, без печат на сообраќајна не е валидна.

Само среќа у гс ;D

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија