Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
Fic_CC:
Дали може дополнително да се осигураат стакла ако при регистрација не било направено тоа?
Mikius:
Колку што знам не може.
Винер Осигурување:
--- Цитат: Fic_CC на 22 Октомври 2019, 15:17:30 pm ---Дали може дополнително да се осигураат стакла ако при регистрација не било направено тоа?
--- Крај на цитатот ---
Во Винер Осигурување доколку стаклата не сте ги осигурале при вадење на полисата за автомобилска одговорност истите неможе да се осигураат дополнително.
Доколку пак АО полисата Ви е во друга осигурителна компанија, обратете се таму за детални информации.
AUDI:
Здраво,ако може цена за полиса и зелен картон,плаќање во кеш? Поклонче нешто ќе има?
Ауди А4 Б6 1.9 ТДИ 96кв (131hp)2002 год.
број на шасија WAUZZZ8E92A069443
Винер Осигурување:
--- Цитат: AUDI на 05 Март 2020, 23:25:51 pm ---Здраво,ако може цена за полиса и зелен картон,плаќање во кеш? Поклонче нешто ќе има?
Ауди А4 Б6 1.9 ТДИ 96кв (131hp)2002 год.
број на шасија WAUZZZ8E92A069443
--- Крај на цитатот ---
Доколку возилото остане на истиот сопственик од претходната година:
- АО полиса со осигурени патници - 6.095 денари
- Зелена карта - 5.536 денари
Доколку возилото има различен сопственик од минатогодишниот:
- АО полиса со осигурени патници - 8.648 денари
- Зелена карта - 5.536 денари
Подарок секако ќе има, пишете ни откако ќе извадите полиса.
Поздрав
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија