Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
Mikius:
Да бе, они ќе ми кажувале како е, е не може ;D
Интересно е што кај нас покрај сите навидум нелогичности, речиси секогаш може да се игра слалом со вистински човек на вистинско место :)
kalimero:
Во ова со дативе јас не гледам нелогичност.
Полисата почнува да важи од 00.00 часот, и тоа е така за да се пречат злоупотреби, не е тоа од сега така, отсекогаш е така.
Друга работа, за некого е логично ако пишува до 5 ти да важи до 4-ти вечерта за некого не е логично тоа, за друг треба да важи до 5ти до 23,59 за првиот ова па е нелогично, е за да неможе секој да си ја врти водата на својата страна полисата важи како што пишавме погоре, тоа е така за да неможе да се игра "слалом".
И пак ќе кажам ова со дативе отсекогаш е така, ако нешто не е сменето тоа е баш делот со почеток и истек на осигурувањето.
Simo - Carrier159:
Зборот „Од“ во временска смисла означува момент на почнување на нештотото. Ако пишува „Од 01.01.2019“. Тоа значи штом ќе се спојат стрелките на полноќ на 31.12.2018 веќе почнува да важи. Така се мерело време откако почнало да се мери време на земјинава топка. Сега што на осигурителните им текнало да измишљаат млака вода, тоа е друг проблем. Ако сакаат да си го решат проблемот за злоупотреба, они треба денес ако отидам да купам полиса, да ми ја издадат со важност од утре. Не да менуваат генерално прифатен начин на пресметка на времето. Исто и зборот „До“ во временска смисла. Ако се каже „до 01.01.2019“ тоа значи дека важи до 31.12.2018, 23ч59мин и 59сек. Штом чукне полноќ и дојде први, веќе не важи.
Deni:
Тоа не го одредиле осигурителните компании туку произлегува од Закон за Облигациони Односи, Член 978 кој гласи:
Почеток на дејството на осигурувањето
Член 978
(1) Ако поинаку не е договорено, договорот за осигурување произведува свое дејство почнувајќи од дваесет и четвртиот час на денот што е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, па сè до завршувањето на последниот ден на рокот за кој е договорено осигурувањето.
А осигурителните компании само го почитуваат законот.
Simo - Carrier159:
OK, ја префрлам вината на законодавците. Така веќе држи логиката. Да беше логично, немаше да го пишуе у закон.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија