Автомобили > Генерално за Автомобилите
Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување
Deni:
--- Цитат: balanar на 04 Септември 2019, 12:21:48 pm ---https://obnova-ao.triglav.mk/
Полисите, електронски можете ги обновите најрано 30 дена пред истекот. Доколку обновата ја правите по истекот на полисата, за почеток на времетраењето на полисата се смета датумот по денот на обновата. Во случај кога обновата ја правите година дена и повеќе по истекот на полисата, не следуваат редовните бонуси за обнова на полисата за автоодговорност.
Toj со новиот џип од салон има право да тужи, гледано вака, напишано од Триглав. Мада, за каско може се други услови, не успеав да најдам во Општите услови за каско на Триглав.
--- Крај на цитатот ---
Поентата е дека ако тужи со 100% сигурност ќе изгуби без никаква можност за друг исход. При консултацијата со адвокат ова детално ќе му се разјасни на „тужителот“, и така ќе се избегне секакво тужење.
--- Цитат: kalimero на 04 Септември 2019, 12:31:00 pm ---Дечки се вртиме во круг.
При прва регистрација, осигурувањето почнува да важи после 00.00 часот. Првиот печат на нова/увезена/долго нерегистрирана кола ти го ставаат денес на 04.09. осигурувањето почнува да важи после 12 ноќеска, значи од наредниот ден.
При втора и наредни регистрации, регистрирајте некој ден оред истек на регистрација и не се замарајте со ништо.
Се поинаку напрвено а притоа некој има штета буљаши ќе бидат осигурителните.
--- Крај на цитатот ---
Треба ова да е кристално јасно особено на автомобилски форум.
Mikius:
Ајде информативно.
Истечена полиса на 02 09 2019, па обновена полиса на 05 09 2019. Почнува да важи на 06 09 2019.
Но, претходниот ден не е удрен печат во сообраќајна од мвр.
Како ќе се третира возилото од страна на осигурителна компанија ако направи сообраќајка на 06 09 2019.
kalimero:
--- Цитат: Mikius на 04 Септември 2019, 12:50:54 pm ---Ајде информативно.
Истечена полиса на 02 09 2019, па обновена полиса на 05 09 2019. Почнува да важи на 06 09 2019.
Но, претходниот ден не е удрен печат во сообраќајна од мвр.
Како ќе се третира возилото од страна на осигурителна компанија ако направи сообраќајка на 06 09 2019.
--- Крај на цитатот ---
Секој случај е различен и штети не се решаваат на форум, бидејќи секогаш има некое ама или нешто што е заборавено да се каже а многу значи.
Во твоето прашање немаш пишано дали возилото е причинител или оштетен, дали веќе има сменето дата на полиста за да удри печат во МВР или нема итн итн... сакам да ти кажам дека неможе да се одговори со "црно" или "бело", посебно не во пример како што даде ти.
Mikius:
Датите беа произволни, само се надоврзав на претходните муабети на релациите мвр, осигурителна, дати...
Ме интересираше дали ќе се третира возилото како осигурано ако претходната полиса е истечена (три дена), а новата да е активна (наредниот ден од вадењето на истата), но од икс причини да недостасува само печат во сообраќајна од МВР.
Знам дека од МВР ќе бараат да се смени датум на полисата за да удрат печат.
Banzai:
Слушајте ги Калимеро и Дени што ви кажуваат, не пробувајте да најдете логика во тоа и да мудрувате дали е така, дали не е така, дали требало да биде на некој петнаести начин.
Некој решил дека е така како што ви кажуваат Калимеро и Дени, не можете да го смените тоа.
За ваше добро ви кажувам :)
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија