На 9-ти мај 2015-та година (сабота), во организација од членовите на потесното семејство, на нашиот прерано починат клубски колега, Атанас Милошевски, еден од основачите на мото клубот СОТО, на кој животот му заврши на 2 тркала, ке се организира едногодишен помен. Поменот ке се одржи на градските гробишта во Камник, каде што е и погребан. За точното време дополнително ке биде допишано.
Една година. Една година помина, а сеуште неможам да се помирам со фактот дека таков човек како Атанас повеќе го нема.Сите зборови се излишни, сите молби се за џабе. Почивај во мир пријателе, другар и пред се огромен човеку.
Членовите на мото клубот, дополнително ке направат помен во негово име.
https://www.facebook.com/groups/680168528704741/