Автор Тема: Помош за нова кола  (Прочитано 17555 пати)

Отсутен Cvetko Cvele

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Помош за нова кола
« на: 05 Април 2016, 16:57:38 pm »
Здраво дечки, разгледував периодов доста возила и на крајот се одлучив за Мазда 3 или Сеат Леон. Нема да ја возам претерано, 6-7к годишно во просек(претежно град) и имам буџет до кај 19.000.

Маздата ја гледав бензинец 1.5i 100 коња со ниво на опрема Challenge (второ ниво)  -  18.000

Леонот пак ми го препорачаа и ми го нудат дизелот 1.6 110 коња, со еден куп опрема лед сијалици итн уствари се', освен она што го има ФР моделот како дополнување на Style - 19.000

Е сега Маздата ми се свиѓа повеќе ама така лош однос добивам у салон, не сакаат никаков попуст да дадат, ниту дополнително опрема а сакам колата во кеш да ја платам, за разлика од нив у Сеат добив значително намалување и за 1.000 сериозно размислувам да го одберам Леонот.

Што би ми препорачале вие ? Дали грешам у ситуацијава што тежнеам накај Леонот поради односот и подобрата цена, опрема и дизел мотор наспроти бензин.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #1 на: 05 Април 2016, 17:00:19 pm »
Tough choice.
Mazdata e dobra ali leonot podobar motor barem vo potrosuvacka, i plus Turbo e sto za otvoreno e podobro.
Stom i poveke oprema davaat zemaj leonot.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #2 на: 05 Април 2016, 17:11:49 pm »
Леонот во секој момент.

1) Како што гледаш Мазда импортерот кај нас има катастрофален однос со клиенти, па замисли како би било да си имаш работа со нив наредните години.
2) Моторот на Леонот ти е дизел, што те спасува на долг рок од додатни трошоци за плински уред (не знам која е политиката на Мазда и плин, ама ја губиш фабричката гаранција ако ставиш плин ИЛИ ако имаат некаква политика, ќе биде 2000-3000 евра за таков систем :) ), а бидејќи, како што кажа дека нема да го возиш којзнае колку, одлично ќе ти се вклопи во буџетот.
Да не правиме муабет дека Сеатот е турбаш :) а turbo torque си е turbo torque
3) Дизајнот на двете возила е одличен. Така што нема да згрешиш ни со едно ни со друго.

Ergo - Seat Leon



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #3 на: 05 Април 2016, 17:13:11 pm »
Од каде ова за односот на импортерот!?!?


Лош однос не е исто со немање попуст.

П.с. јас би одел на Леонот ако е сочно наполнет со опрема и дизел.

Отсутен Cvetko Cvele

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #4 на: 05 Април 2016, 17:16:44 pm »
Незаинтересиран однос, сам со себе си зборам, нема никаков фидбек на крај дури девојчето ми вика тоа си е е твој избор :). Па знам дека е мој избор ама твое е да ми помогнеш. Затоа кажав лош однос и стојам зад тоа.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #5 на: 05 Април 2016, 18:10:42 pm »
Не. Не е нејзино да ти помогне, туку да те натера да купиш, односно да ти продаде.

Отсутен Cvetko Cvele

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #6 на: 05 Април 2016, 18:26:52 pm »
Па како ке ми продаде ако не ми помогне при изборот? Како ке знае што јас барам во кола ако не ме праша ? Во сите други салони се заинтересираа што ме интересира, колку пари сум спремен да издвојам, помеѓу кои марки се мислам, колку ке возам итн. Затоа е помошта основна работа во продажбата, да го прилагодиш производот кој го имаш на потребите на купувачот.

Како и да е повеќе ме интересираше мислењето за возилата, за односот ме изиритираа но тоа не значи дека Маздата не ми е сеуште во глава.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #7 на: 05 Април 2016, 18:52:55 pm »
Повозе ли?

Добар ти е изборот во секој случај, нема да утнеш која и да ја одбереш.

Отсутен Cvetko Cvele

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #8 на: 05 Април 2016, 20:15:39 pm »
Не сум повозел сеуште, 2 пати во Мазда бев не беа во можност да понудат тест возење, па закажав за утре. За Леонот покасно неделава.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #9 на: 05 Април 2016, 21:24:36 pm »
Немој во никој случај да земаш атмосферски бензинец со 100кс за 18.000 евра. 

Од овие две што си ги навел ти, леончето. Без размислување. :)

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #10 на: 05 Април 2016, 21:29:13 pm »
Ако не ти се брза порачај си го 1.5 турбо-дизелот на Мазда  го има во 3-ката.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #11 на: 05 Април 2016, 22:53:24 pm »
Атмосферски бензинец си е атмосферски бензинец. За низ град ќе се изнавозиш! Ако излезеш на отворено неколку пати и ќе си речеш ех што не си го земав леонот. Од друга страна со турбо дизел само ќе го гушиш во град.
Но маздата не е нишго поефтина од леонот иако е бензин со помалку опрема.
Изборот е твој. :) на крај сите го купуваат тоа што им прави повеќе мерак.

Отсутен Cvetko Cvele

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #12 на: 05 Април 2016, 23:14:54 pm »
Нема 1.5 дизел мазда 3, само 2.2 150 кс нудат а тој почнува од 23.500


А за меракот повеќе ми прави маздата ама за парите многу повеќе добивам во Леонот и плус подобар мотор. За сега гледам сите и овде се на тоа мислење, ке одлучам после тестот

Фала на сите кои дадовте совет и мислење :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #13 на: 05 Април 2016, 23:18:40 pm »
Jas mislam toj skyactiv na mazda dizelot gi e best buy... Ako soberes pari :)

Отсутен daf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Помош за нова кола
« Одговори #14 на: 05 Април 2016, 23:31:28 pm »
Нема 1.5 дизел мазда 3, само 2.2 150 кс нудат а тој почнува од 23.500


А за меракот повеќе ми прави маздата ама за парите многу повеќе добивам во Леонот и плус подобар мотор. За сега гледам сите и овде се на тоа мислење, ке одлучам после тестот

Фала на сите кои дадовте совет и мислење :)

1.5 моторот на мазда е атмосферец  бензинец, еден од најдобрите по степенот на компресија. Скроз нова технологија на мотори од мазда со компресија од 14,5 што за бензинец е врв МОНТ ЕВЕРЕСТ.  Единствен проблем е што лимот на каросеријата е потенок од на пример од Голфот за леонот незнам.