Автор Тема: Школско возење вс "нормално" возење  (Прочитано 7525 пати)

Отсутен TeodoraR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Школско возење вс "нормално" возење
« на: 18 Март 2016, 11:39:14 am »
Здраво на сите. Го имам читано форумов повеќе пати (некои теми) и ми се допаѓа. Гледам дека овде има доста луѓе кои знаат многу за возење и возила. Е сега, мене ме интересира, зошто е толку на пик земено школското возење на кое те учат во автошкола? Јас сум положена од 2015 година али ретко возам, а кога возам, возам како што ме научиле во автошколата бидејќи и не знам поинаку. Мене ми имаат најдено замерка другари дека кога возам не ја штедам колата (трета и четврта брзина нешто), а ни горивото. Исто така дека возам преспоро. Јас возам највеќе 50 км/х низ Скопје бидејќи толку е дозволено и не ми е јасно како е ова погрешно и зошто добивам коментари дека премногу возам школски? Како да се научам да имам подобра рутина во возењето и да не биде школски (без кршење на правилата). Ај се надевам дека ќе добијам некој совет ! :)
« Последно менување: 18 Март 2016, 11:47:06 am TeodoraR »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #1 на: 18 Март 2016, 11:48:28 am »
Рутина ќе добиеш само со рутина ;D

Вози секој ден или скоро секој ден и ќе стекнеш рутина и ќе се опуштиш во возењето. Според мене подобро школски ако не си најсигурен во себе, отколку да се трудиш со сила да возиш над своите можности.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг:
« Одговори #2 на: 18 Март 2016, 11:49:15 am »
Сеуште си млад/а неискусен/а и се плашиш. Со повисока брзи а на колата се намалува контролата. Ти се плашиш дека немаш контрола. Си возела на отворено? Пробај малку и ќе ги навикнеш и повисоките брзини.

Малку стекни искуство барем 100 возачки часа па ќе си дојде само олабавувањето. Треба да почнеш да ја чувствуваш колата како дел од тебе. Како рамената така и таа. Од око знаеш како да се снајдеш и да поминеш пешки низ гужва така и со кола. Од око да знаеш каде те собира а каде не.

1. Да стекнеш осет за големината на колата. Дека ти не си човек во кола (тогаш си патник), туку дека си кола. Со димензии од 2метра на 4 метра. Кога ќе се освестиш дека командите треба да се соодветни за твојата димензија и агилност ќе е полесно.

И
2. Свесност за околината. Ти се кола меѓу други коли. Треба да си свесна за однесувањето на другите учесници во сообраќајот и нивните активности. Треба да ги предвидуваш нивните активности и да ја воочиш секоја ситуација барем 5 секунди пред да се случи.

Толку.
Другото е механика и спорт. Како што си научила да шутираш баскет топка или да скијаш ќе научиш и да возиш механички. Но психологијата е тешка.


П.с. за брзината можеш да видиш тука едноставно објаснување:
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Solomon_curve
Важно е брзината на возилата на патот да е што е можно по слична за да се намали бројот на потенцијални несреќи.

Значи ако е дозволено 50кмч ама во автокоманда на излез просечно се вози 75кмч тогаш "нормално" е да возиш 75кмч. Зошто тоа ја намалува можноста за несреќа и е најблиско со останатите возачи.
На Тетово-Гостивар денски на сончево време присечна брзина на колите е 105кмч, а дозволена е 80кмч. Ако се потрудиш да видиш ќе забележиш дека многу малку возачи возат 80кмч. Скоро никој. Сите возат повеќе зошто условите на патот дозволуваат просечната брзина на просечниот возач да е повисока. Па согласно тоа 105кмч е најдобра брзина од сигурносен гледен аспект.
Истиот тој пат навечер кога е замрзнат има просечна брзина од 65кмч и толку е најсигурната брзина. Таа зависи од условите на патот.

А секако тука е и пречењето на останатите учесници во сообраќајот. Важно е секогаш да ги пропушташ возилата зад тебе и да не правиш колона (колона законски се 3 возила). Ако се формира колона треба да ја пропуштиш да те помине.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #3 на: 18 Март 2016, 12:18:10 pm »
Ќе седнеш со некој искусен во кола и ќе повозиш малку на отворено. Возењето на отворено пр. Ск-Ох и назад доста ќе ти даде самодоверба и опуштеност, со тоа ќе скокнеш левел погоре.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #4 на: 18 Март 2016, 12:58:56 pm »
Возење НЕшколски и стекнување на рутина не се учи теоретски, се стекнува со возење и само со возење секојдневно, односно со искуство. Никој не може со зборови да ти објасни како да не возиш школски. Но најбитно е да не се плашиш и да не си стегнат, треба да бидеш опуштен, ако си стегнат во сообраќај никад нема да научиш да возиш. Си треба и малку талент и мерак за возење, осет кон возилото, имаш луѓе кои возат 20-30 год и пак не знаат да возат како што треба. Јас познавам девојчиња вика страв ми е кога се разминувам со возило, е таа нема да научи да вози, со страв и паника ништо не правиш.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3081
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #5 на: 18 Март 2016, 20:47:59 pm »
Треба да се вози школски, само проблемот е чаламот и сељачизмот кој преовладува кај возачите.

Жмигавците, хоризонталната и вертикалната патна сигнализација постојат со причина. Истата таа која не ја гледаат 80% од шофериштата низ земјава ни мила.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #6 на: 18 Март 2016, 21:28:42 pm »
@smole максимално си во право!

@Џонтра кажи бе нешто, помогни му на девојчето. Зошто полагаше за инструктор? Дај и некој час гратис...
:D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #7 на: 18 Март 2016, 21:44:52 pm »
Како прво, добредојде на форумов. Имај убав престој.
Вака сега, се што кажаа погоре воглавно се согласувам и немам многу што да додадам. Искуството си го прави своето. Држи се до "здравите" навики што те научил инструкторот при возење. Научи во основа како функционира твоето возило одржувај и вози го правилно. :)
Убаво е да си го познаваш возилото,  неговите можности и маани, а тоа се прави со возење. После веќе ќе биде полесно за проценување на ситуациите и соодветно брзо да реагираш. Нормално и тоа се постигнува само со повеќе возење. Возење и само возење :D
 После долгогодишно искуство ќе биде и многу полесно да ја надминеш дозволената брзина или да претицаш на полна линија и т.н и т.н.- значи сите го правиме тоа. Во реалноста никој не вози идеално, школски, по некој шаблон како во теорија. Но јас те охрабрувам секогаш да си се држиш до правилата. Можеби не 50, но сигурно не 100 низ град! Без мобилен, секогаш со појас, и секогаш обраќај внимание на сите знаци. Не постојано да зјапаш во нив ама никогаш да не ги занемаруваш на цело.(нешто што луѓе го прават често)
Иииии тоа е тоа. :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #8 на: 19 Март 2016, 11:37:35 am »
Треба да се вози школски, само проблемот е чаламот и сељачизмот кој преовладува кај возачите.


Само еден школски пример што треба да се искорени, на брачед ми инструкторот така го учи а пред тоа не знаев,
при успорување да се менуваат брзини редоследно, пр. од 4-та, 3-та, 2-ра, 1-ва. Од 4-та на 2-ра никако (еден тон лајна).

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #9 на: 19 Март 2016, 11:39:05 am »
при успорување да се менуваат брзини редоследно, пр. од 4-та, 3-та, 2-ра, 1-ва. Од 4-та на 2-ра никако (еден тон лајна).
1-ва? Да ако треба да кочиш моторно на мраз.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #10 на: 19 Март 2016, 11:44:55 am »
Абе не сум многу упатен, ама и кога полага не смее од 3-та во 1-ва да стави, не знам што глупости се овие.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16733
  • Keep it 100
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #11 на: 19 Март 2016, 11:52:00 am »
Да не ти се причинило дека ти кажал дека враќа во прва? При успорување најдобро е да се враќаат брзините една по една, но се до втора брзина.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #12 на: 19 Март 2016, 11:57:57 am »
Потполно се согласувам дека треба да се вози школски. 90% кога возам низ град се трудам да го правам тоа. Школскиот начин кај нас се постоиветува со неискуство што е далеку од вистината. Престројување, првенство, договор меѓу возачи, почитување на вертикалната сигнализација и најбитно максималната брзина. 50км/ч е брзина која е речиси во цел свет пропишана како максимална брзина во град. Некаде има две, 50 и 60 во зависност од делницата. Се трудам и јас да возам во рамките на овие брзини. Има две три делници кај што таа брзина е можеби пре ниска ама се трудам да ја почитувам. Не знам нешто "кликна" во мене кога живеев "на Запад" и покрај тоа што возев два ѕвера од автомобили бев приморан да возам со 50,60,90 или 110км/ч и не беше страшно. Ментален склоп е тоа. Култура. Како сакате.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #13 на: 19 Март 2016, 22:20:25 pm »
Да не ти се причинило дека ти кажал дека враќа во прва? При успорување најдобро е да се враќаат брзините една по една, но се до втора брзина.
Mnogu jasno. So toa sto redosledot na vrakjanje na brzinite zavisi od dinamikata na kocenje.

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Школско возење вс "нормално" возење
« Одговори #14 на: 19 Март 2016, 23:59:55 pm »
https://en.wikipedia.org/wiki/Peer_pressure
na tebe e dali kje:
podlegnes na pritisokot i kje pocnes da vozis `neskolski`
ili
kje im objasnis na drugarite da zamolcat i ako ne im se dopagja, da si odat so svoja kola.
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020