Само што тргнав денес кон Банско приметив ми свети стоп светлото цело време. Проблемот беше кај прекинувачот за стоп светло, решен проблемот за 10 минути со замена со нов прекинувач.
Повторно проблем со прекинувачот за стоп светло. Денес само што поминав неколку метри, светнаа 3 сијалички и порака Engine Workshop. На толку сијалички си помислив моторот ми паднал, а не дека прекинувачот за стоп светло не работи
Ја приклучив веднаш на компјутер за да дознаам дека станува збор за прекинувачот.
Изгледа предходниот прекинувач не е бил со добар квалитет, а и не бев во состојба тогаш да бирам, дека бев тргнат на пат.
Купив нов сега пак, па се ослободив од пластиките за да имам достапност до прекинувачот.
Наместен новиот прекинувач на место
Среден проблемот, си отидоа и сијаличките.