Се надевав дека никогаш нема да пишам ваков апдејт овде во темата.
Прва ваква случка за мене, а и за пасатот. Се се деси на патот после Радовиш, накај Штип. Наутро беше, имаше магла и возејќи така пред кривина на десно, пред мене од маглата излегуваат два камиони, едниот го претекнува на другиот на кривина, на полна и во магла. Веднаш стискање на кочница до доле, го гледам камионот доаѓа накај мене во моја лента и за моја среќа пред метар од мене успеа да се протне во другата лента пред другиот камион. Јас бев застанат веќе во место и само што застанав во мене позади удри една x5-ка, која исто така пробуваше да закочи. Ударот беше прилично силен, се излета внатре, телефони такви работи, среќа појас имав јас и совозачот. Камионот нормално не ни застана си продолжи. Одма беше јавено на полиција, за среќа дојдоа многу брзо. Едниот регулираше сообраќај, другиот напомена на шоферот со x5-ка дека тој требало да држи растојание и дека ако ја прифаќа вината да правиме европски. Се согласи возачот на x5-ката на тоа, се потпишавме кај полицаецот и секој по својата работа. Кај пасатот е оштетен браникот, багажникот има дупче, совиен е, не се отвара, заглавен е и којзнае уште што се е совиено таму. Денес ме фати празник, утре сабота и европскиот најверојатно ќе е во понеделник. Тоа е тоа во кратки црти, нека остане овде забележано во темата (дневникот).