Автор Тема: Проблем со палење на Голф 4  (Прочитано 5489 пати)

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Проблем со палење на Голф 4
« на: 25 Февруари 2016, 17:54:19 pm »
Здраво,

Имам некој проблем колата не сака да ми запали. Кога ќе го свртам клучот не свети ламбичката за греачите и знам дека нема да запали. Ќе вергла дури не го испразни акумулаторот и ни на туркање нема да запали. Мајсторот ми рече дека можно било да е некој ладен лем на компјутерот. Дали држи вода муабетот?

https://www.youtube.com/watch?v=0qqewssw7XA

ЕДИТ:
Се работи за 1.9 TDI 85kw код на мотор AJM
« Последно менување: 25 Февруари 2016, 22:42:14 pm vgeshoski »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2016, 18:48:05 pm »
Правец електричар, на дијагоностика.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2016, 19:42:37 pm »
Здраво,

Имам некој проблем колата не сака да ми запали. Кога ќе го свртам клучот не свети ламбичката за греачите и знам дека нема да запали. Ќе вергла дури не го испразни акумулаторот и ни на туркање нема да запали. Мајсторот ми рече дека можно било да е некој ладен лем на компјутерот. Дали држи вода муабетот?

https://www.youtube.com/watch?v=0qqewssw7XA

држи вода и тој муабет, ама може и да е некој сензор отиден... мора на дијагностка да се стави па да се види што е... поише сумњам дека компјутерот не прегорел или (ладен лем) популарно кажано е изгубен контакт некаков на плочата компјутерска... нај често вака реагира ако прочита некој фатал ерор од заебан сензор или ептен изместени параметри...

пробај со откачување клема... значи откачи една клема од акумулаторот, дади контакт со откачена клема почекај 5-10 минути, изгаси контактот, намести клемата и пробај да запалиш... ако запали не значи дека си го решил проблемот, туку барем нема да ја шлепаш колата до мајстор... ако нејќе да запали, посекако еророт ќе го усними од ново и ќе биде видлив на компјутер...

поише од ова нема што да се појасни и проба за ваков проблем... пиши што испаднало... и што кола секако т.е. голф 4 е туку кој мотор е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2016, 19:58:43 pm »
Си пишува 1.9 тди 115.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2016, 22:44:52 pm »
На дијагностика не дава никаква грешка, колата ќе запали кога таа сака не јас кога сакам. Пробано и со шлепање, и на туркање да пали, и на кабли, никако не сака се дури не светни ламбичката за греачите што е над имобалајзерот. Тандем пумпата има идеален притисок, дизните се добри, пумпата за нафта работи. Мајсторот рече ладен лем дека било наводно. Цената на поправка ми рече отприлика 200 евра. Мислам дека е премногу за reflow на ECU да ми направи бидејќи половен ECU е 80тина долари

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #5 на: 25 Февруари 2016, 22:52:02 pm »
На дијагностика не дава никаква грешка, колата ќе запали кога таа сака не јас кога сакам. Пробано и со шлепање, и на туркање да пали, и на кабли, никако не сака се дури не светни ламбичката за греачите што е над имобалајзерот. Тандем пумпата има идеален притисок, дизните се добри, пумпата за нафта работи. Мајсторот рече ладен лем дека било наводно. Цената на поправка ми рече отприлика 200 евра. Мислам дека е премногу за reflow на ECU да ми направи бидејќи половен ECU е 80тина долари

А релејот што ги пушта греачите работи или не?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #6 на: 25 Февруари 2016, 22:55:49 pm »
Да да и осигурачот го проверив и тој исправен е

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #7 на: 25 Февруари 2016, 23:15:26 pm »
А имобилајзерот да го провериш? Можеби не го препознава кодот па затоа не ги пали греачите.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #8 на: 25 Февруари 2016, 23:17:41 pm »
Сите можни комбинации на компјутер се проверени нема никаква грешка. Ако е имобилајзерот че запали и че изгасни и ако не го препознава кодот нема ни да се гаси ламбичката а во случајов се гаси.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #9 на: 25 Февруари 2016, 23:20:12 pm »
А зошто толку бавно вергла?
Како е заземјувањето/ кабелот на минус клемата?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #10 на: 25 Февруари 2016, 23:27:07 pm »
Оти на последниот пат ми текна да снимам веќе празен е акумулаторот.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #11 на: 25 Февруари 2016, 23:49:51 pm »
Имаш аларм на колата?

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #12 на: 25 Февруари 2016, 23:52:16 pm »
Да фабрички што е вграден

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #13 на: 25 Февруари 2016, 23:56:46 pm »
Чим е фабрички не би требало да прави проблем,ама провери за секој случај каква му е заштита,може има некој проблем па не пушта струја до релето за греачите ако оди преку него струјата

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Проблем со палење на Голф 4
« Одговори #14 на: 26 Февруари 2016, 08:51:43 am »
Не мора да ги вклучи греачите за да запали, колава без проблем ќе пали без 4 греачи. Но тоа што не уклучува ламбичката за греачи е еден од симптомите на проблемов.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need