Автор Тема: Како се купува кола од странство?  (Прочитано 18527 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Како се купува кола од странство?
« Одговори #45 на: 30 Декември 2015, 15:00:11 pm »
Точно така како што кажа Ахтунг, царина не ја интересира ако ја увезуваш како кола. Царина ја интересира ако ја увезуваш дел по дел (за кои постојат различни царински постапки) и во тие одлучува дали да увезе дел од неа или не. (Случајот со половни гуми/половни авто делови).

Инаку да, плаќаш се на царина, и после Метерологија одлучува ДА или НЕ ќе ја регистрираш таа коа. Не си свесен колку луѓе испозаглавија така, со царинети коли кои не смеат да ги возат. Има еден правилник за увоз, има друг правилник за пуштање во сообраќај.

Инаку за софтверската калибрација, најправилно е кога ја носат колата на хомологација да ја запалат и да и пикнат во ауспух сондите и да мерат кои стандарди ги задоволува. Во еден идеален свет. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Како се купува кола од странство?
« Одговори #46 на: 30 Декември 2015, 15:03:21 pm »
Јас кога ја регистрирав колата, мислам дека ставаа сонди во ауспухот за загадување ако тоа беше тоа.
Инаку да, какви кршови се возат низ државава, ни еур1 не се задоволува.

На хомологација дечките од АМСМ ги загубија сликите од колата, па морав да ја носам 2 пати да ја пресликуваат, плус чекав 7 дена за еден ТУВ сертификат. Цело патешествие.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Како се купува кола од странство?
« Одговори #47 на: 30 Декември 2015, 15:11:02 pm »
.....

Лесно си поминал.

Увезував едно Клио. Не можеа да најдат број на мотор. Месец и пол чекав број на мотор.
Увезував комбе Транзит за татко ми. Не успеав. Го продадов во Бугарија.
Увезував една Корса, три дена ја држеа на терминал во Штип. За глупости.

Со другите што сум ги увезувал не сум имал проблеми освен чекањето/висењето од 6-7 саати во кафеаната кај терминалот. Да висиш, и да мизеруваш, за да добиеш документи дека смееш да ја возиш колата во Македонија. За три листа и еден печат, треба да дадеш околу 1/3 од вредноста на колата што си ја платил. Криминалци.
Ние сме еден беден и мизерен народ. Кога се појавиш на шалтер со сообраќајна некаде, одма те гледаат како вреќа со пари, и секој гледа да те украде максимално.
Во Бугарија сум регистрирал/увезувал коли. Сѐ се завршува за саат/саат и пол. Од странски таблици до бугарски. А цените на услугите, буквално народни.

Ај у к**ац, се изнервирав, така предновогодишно.   >:( >:(
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Како се купува кола од странство?
« Одговори #48 на: 30 Декември 2015, 15:15:36 pm »
Џабе нервози Луки, јас сега увезував кола за мене од Бугарија, таму завршив за 1 час работа со сите документи.
Увезував кола 2006 со ЕУР4, со документ дека е ЕУР4 од Италија, до последен момент на хомологација и царина не знаев што ќе направам и дали некој локалец таму ќе мисли дека е најбољи у свет и да ме стопира и да ми ги затвори парите. Од пусти страв, не од нерегулирани документи.
Буквално 50% давачките се од вредноста на колата од Царина до МК таблици. Само регистрација е скоро 300 евра за кола над 66KW.
100 евра ТУВ сертификат со хомологација, мислиш колата ја измислуваат од почеток.
Мизерија институции, закони и правила.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен edil

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Како се купува кола од странство?
« Одговори #49 на: 15 Февруари 2016, 00:40:24 am »
Ке ве замолам за мала помош.
Ако има некој од форумов што увезува половни коли или пак што знае некој да се занимава со тоа.

Фала