.....
Лесно си поминал.
Увезував едно Клио. Не можеа да најдат број на мотор. Месец и пол чекав број на мотор.
Увезував комбе Транзит за татко ми. Не успеав. Го продадов во Бугарија.
Увезував една Корса, три дена ја држеа на терминал во Штип. За глупости.
Со другите што сум ги увезувал не сум имал проблеми освен чекањето/висењето од 6-7 саати во кафеаната кај терминалот. Да висиш, и да мизеруваш, за да добиеш документи дека смееш да ја возиш колата во Македонија. За три листа и еден печат, треба да дадеш околу 1/3 од вредноста на колата што си ја платил. Криминалци.
Ние сме еден беден и мизерен народ. Кога се појавиш на шалтер со сообраќајна некаде, одма те гледаат како вреќа со пари, и секој гледа да те украде максимално.
Во Бугарија сум регистрирал/увезувал коли. Сѐ се завршува за саат/саат и пол. Од странски таблици до бугарски. А цените на услугите, буквално народни.
Ај у к**ац, се изнервирав, така предновогодишно.
