Да пробам да ти одговорам на некои прашања.
Подвозјето ако го сервисираш со TRW или оригинални делови, истите ќе потраат 70-80.000км по нашиве патишта. Не очекувам дека оваа со 60.000км има некои посериозни проблеми со повозјето, освен можеби горни вилушки...
JTS моторите си „лапаат“ уље, поради изведбата на системот на директно вбризгување, можно е да имаат проблеми со гареж во усисната грана што може да допринесе до губиток на максималната снага, и имаат 5 ламбда сонди...
Не се конвертираат на плин (или е скапа конверзијата и троши 20-30% бензин успут). И си трошат бензинче (рачунај 11-12 градска со пазење).
Цената на редовен сервис ти е околу 100-120е, ако го правиш со Selenia Racing и оригинални филтри.
Цената на промена на ремени е околу 300-400е (во овластен сервис може и до 600е да отиде), бидејќи има 3 ремени и куп затегачи и ролери, и се менуваат на максимум 60.000 или 3 години.
Ако ги „преживееш“ овие работи, и ако еднаш ја средиш, тогаш ќе имаш шанси да уживаш во едно од најобрите на изглед купеа од Алфа и ќе се изнауживаш во одличните возни карактеристики.