Автор Тема: Opel Astra GTC  (Прочитано 6855 пати)

Отсутен acero5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Opel Astra GTC
« на: 15 Јануари 2016, 02:40:13 am »
Здраво,

Нов сум овде и сум во план на купување на половна кола ми фана око Opel Astra GTC 1.7 cdti 2005-2008 ги има насегде по плацови али на германски и бугарски сајтови сите тие коли се по 250 - 350 илјади минато а тука се шминкани и враќани па да и фрлам 4000-6000 евра некое решение да ја најдам колава со реални колометри нешминкана и километража во мк ? исто така и за тие што се купени од мк од салон неувезувани ако ги стават на компјутер(дијагностика) дали ке покаже реална километража,дефек и итн ? или да си тражам чаре надвор од мк.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1929
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #1 на: 15 Јануари 2016, 02:42:54 am »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1881636

Не е 1.7CDTI, ама сигурен сум дека е многу подобра од другите на пазаров, член на форумов е сопственикот.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9197
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #2 на: 17 Јануари 2016, 05:21:18 am »

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #3 на: 17 Јануари 2016, 05:42:26 am »
Ова е веќе нешто.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1485
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #4 на: 17 Јануари 2016, 13:05:36 pm »
Единствена во Мк...

Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #5 на: 17 Јануари 2016, 13:12:33 pm »
Единствен број на шасија. Во право е чоекот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #6 на: 19 Јануари 2016, 21:27:58 pm »
Едиствен начин ти е во овластен сервис да ја провериш сервисната историја. Барем колата додека била под гаранција се вршел сервис во овластен сервис па да си направиш проценка на километрите. Или ако сопственикот е регистриран во https://www.myopelservice.com да ти ја покаже сервисната историја.

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #7 на: 20 Јануари 2016, 22:53:14 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1881636

Не е 1.7CDTI, ама сигурен сум дека е многу подобра од другите на пазаров, член на форумов е сопственикот.
Јас ја гледав колава, можам да потврдам дека навистина е добра,зачувана, ама буџетот ми е ограничен на 6000еур.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1929
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #8 на: 20 Јануари 2016, 23:57:42 pm »
Па ќе се испазарите, бидејќи за таа сума никогаш нема да ја продаде.

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #9 на: 21 Јануари 2016, 12:02:52 pm »
Така  е, кој сака да си продаде треба да спушти на цена, ама тие што продаваат добра кола ретко кој би спуштил 500-600еур

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14309
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #10 на: 21 Јануари 2016, 12:22:47 pm »
Со среќа да најдеш кола за ниска цена, со реална километража од 150-200 000км во Македонија. Дури и прв газда е, јас би се сомневал.

Што се однесува за Опелите, разговарав со еден електроничар, вика не постои кола што не може да се врати. Кога враќаат W211-ки,  со 30+ сензори за километража, што останува за другите.

Опелите се лесни за враќање. Многу лесни.

Подобро вози зачувана кола со 300 000км отколку вратена со 180 000км. Таа со 180 000км најверојатно има 450-500 000км.

Ти кажувам од искуство. Видов салам количиња, зачувани, ни волан излижен, ни седишта скинати, ни таван оштетен, со 500 000+ километри. Стакло зачувани. Доста од тие гледавме и на форум.

Добро одржувани, сервисирани сето тоа.

Гледај ја општата состојба на возилото, стави ја на компјутер да се проверат дизни, притисоци на турбина сето тоа.

Километражата (да речеме кај дизел) не ти менува многу дали е 200 000км или 300 000км. Гледај колата да ти е зачувана.

Еве јас ги следам Англичаните со Vauxhall. 200,000miles ја рачунаат како кола што реално тек се развозува (дизел зборам). Кај нас ако му речеш на некој Астра 1.9CDTI со 320 000км ќе бега како ѓаол од крст.

Репер сеуште ни се Застава и Лада, што се правеа ремонт на 150 000км (оттаму и таа фамозна 150-180 000км километража).

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #11 на: 21 Јануари 2016, 15:59:57 pm »
^^^
Еее ама кај нив 200K miles се возени на shell, bp, aral горива, кај нас мак петрол, пуцко петрол, детоил. Си има голема разлика. Тоа го имам приметено и на мојата кола, од Унгарија нагоре кога точам гориво колата се препородува, а кај нас како да има 20 кс помалку, сецка, трокира. Арно и издржуваат дизните по 150k km кај нас. За мене лично дизел возило на старо е добро до 180 000км да се земе, над тоа веќе се јавуваат многу предвидени (замаец, ламела, турбина, предница) и непредвидени трошоци (сензори во мотор, бош пумпа, дизни). Ако тој што ја купува колата има спремено дополнителен буџет за да ги покрие овие трошоци и има нерви и слободно време да се ака по мајстори (мин. кај 5 мајстора треба да се оди кај нас за да се открие правиот проблем) тогаш километражата и не е толку битна. Да не зборувам дека сите тие работи ќе откажуваат постепено значи има да фати реума по гаражи и сервиси и пак без гаранција.
Зини да ти кажу.

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #12 на: 27 Јануари 2016, 20:22:54 pm »

Така е, после 180-200000км, се ќе почне да откажува. Затоа колите со мала километража, со сервисна книшка па и од овде купени, се поскапи.
Ама кај нас тоа не се цени,, ке се залетаат за поевтина , не се знае историјата на возилото, па после ке се жалат како испаѓале дефекти .

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14309
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #13 на: 27 Јануари 2016, 20:36:51 pm »

Да, точно е, горивата ни се далеку полоши од оние во Европа, но дека тоа е пресуден фактор за да одредите дека возило над 180 000км не чини е тотална бесмислица.

Како прво СЕКОЈ производител на мотори (да, има компании кои потоа ги концепираат, па ги продаваат тие мотори на големите произведувачи) го земале во обзир лошото гориво во голем број на земји. Тоа е еден од основните услови моторот да биде вграден во некое возило.

Секој мотор, од Спарк па до Вејрон поминува низ такви тестови, возен во секакви услови со милиони километри.

Единствен проблем настанува кога вие го тјунирате моторот, го вадите неговиот максимум, е тогаш имате навистина потреба од квалитетно гориво, кое ако го немате можат да настанат оштетувања на моторот.

Проблемите кај нашите возила е што имаме

1) Катастрофални патишта
2) Сопственици кои мислат дека возилата им се бесмртни и не вложуваат ниту денар во нив (или штедат и купуваат крајно неквалитетни делови)
3) 90% од сите мајстори кои се приучени и потполно неспобни да направат обичен сервис на возило

Ако мерило ви е 180 000км или 200 000км вие сте во тотална и апсолутна заблуда.

Застава не е мерило за таа километража, а не модерни бензинци или дизели.

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Opel Astra GTC
« Одговори #14 на: 27 Јануари 2016, 21:09:44 pm »
Во право си друже, потполно се согласувам со тебе.
Затоа и напишав, кај нас се продаваат половни  возила без позната сервисна историја, со сомнителна километража и несоодветно одржувани.Затоа излегуваат многу дефекти.Со еден збор ,,крш,, спремен за отпад.
Според мене, купување на половно возило исклучиво со сервисна книшка , по можност неувезено, и обавезно проверка кај овластен сервис.