Баш сакав да ви отворам тема за играва. Според мене, а сум ги пробал сите, оваа е најреална симулација во поглед на филинг додека возиш коли. Пред се, ја имав таа среќа да налетам на вакво воланче со force-feedback:
Во оваа игра, сите коли се земени од страна на тимот, се тестирани по неколку дена и потоа се моделира физиката, графиката и звукот. Како што знам, ги мерат со ласери и ги моделираат до секое штрафче. Звукот е реален и снимен од секоја кола посебно. Ова е многу важно, бидејќи на пример во Gran Turismo се користи soundboard, односно се емулираат звуците и целиот сетинг не звучи добро и реално.
Да почнеме по ред.
Графиката е феноменална до секој детал. Имате некои 30-тина Autovista коли кои се моделирани до секој најмал детал, заедно со карбон ентериери, рефлексии и палење на колата со сите функционални елементи.
Од друга страна возењето е перфектно симулирано преку Force Feedback, целосно се чуствува кога возиш muscle car од 50-ти, Ферари на заден погон или Nissan GTR. Повеќе другари тестирале свои коли на патеката, велат дека исто се однесува како и во реалноста.
Сум бил и во Race Place, сум играл и Gran Turismo 5 на волан...даааалеку се од оваа игра. Кој сака, може да се договориме и да возиме, бидејќи оваа игра е ултимативното нешто за автомобилски зависници како сите вас овде.