Тууууу Дени, ама се напна... кулирај брате

Поради ваквите твои постоив па јас се решив да пробам ајфон и очигледно е од твоето излагање дека станува збор за совршенство... јас само тврдам дека не е, дека е далеку од совршенство, па немој волку жестоко, ке заебеш некој да купи па да се разочара

хехехехех
Ајфонот си има едно брдо недостатоци (и предности) исто како и Андроидот, кој па од друга страна има низа предности, кои балансираат за бројот на недостатоци. Според досегашното мое искуство, освен камерата и поддршката т.е. апдејтите, стварно не гледам некоја друга драматична предност посебно не финанскиски оправдана да кошта 2-3 пати поскапо.
Патем, никој не те убедил да земеш андроид и тоа најскапиот и тоа да биде Ноте... тоа е твој закључок врз база на анализа на хардверот и ривјуа и ако не се лажам тоа ти го пласираше како совршен уред. Не сум ја крив што единствен параметар при пазарање ти е големината и мегаломанскиот пристап. Ти во секој пост се залагаш за уреди/решенија кои се оверкил. Тебе ти (б)е(ше) битно да има 100 гига рам и 500 гига меморија и 40 јадра на 10 процесори и водено ладење и 100 инчи дијагонала на екран, па макар требал и радиодифузна такса да плаќаш поради последниов параметар

. И сето тоа пропаѓа во вода, кога не него ке ставиш лепeнка самсунг. С6 е првиот добар телефон од тој бренд според мене.
Мене на пример не ми е битно да пука хардверот од внатре, мене ми е битно да функционира тоа што треба и да држи батерија. Јас тоа си го имав совршено со нексусот се додека не дојде лолипоп. Се дотогаш тврдев дека нексус се подобар уред од ајфон, посебно со оглед на разликата во цената. прекрасен уред... на јаре му е досаден тој уред, па си користи хтц, исто така одличен избор... и никој од нас не вика дека неговиот телефон е совршен или па дека другиот е срање. Патем, нексус со лолипоп е болка во задникот, со мачмелоу има надеж.
На тема пуш нотификации, вината е во епл, гугл си има свои пуш сервери, нема зашто мејловите да ти одат преку ајклауд и пуш серверите на епл. Ако нејкат, ок ке гасиме супорт, корисниците ке си инсталираат наша апликација. Сасвим на место одлука од страна на гугл.
Значи, само сакам да кажам дека ни едниве ни другите не се совршени, за секој тип на корисник си има соодветен уред и за соодветна цена... освен ајфон, кај него цената е несоодветна
@Deni, абе какви оштри зборови, јас скроз те разбирам иако не се согласуваме во целост.