Веројатно пошто е претставување на возило, а не тест
Ениху, у релативно кратки црти:
- Одлично моторче, класично јапанче, сака високи вртежи. Влече одлично, имајќи ја предвид кубикажата и тежината на колата, ама си бара малце поголемо познавање, ако сакаш соодветно да го искористиш целиот негов потенцијал. Одлично звучи на високи вртежи, на ниски е тапа (ама има начини да се среди и тоа
)
- Возењето е комфорно, а подвозјето доволно информативно, но не нападно. Во кривини нема да те залепи за прозор, ама па нема ни кичма да ти разбие коа ќе пројдеш преку камче. Одлично подесено подвозје и за комфорно возење, и за агресија кога така ќе се осеќаш
- Исклучително просторна кабина, едноставен дизајн на внатрешноста, со прости и едноставни линии и форми, без непотребни експерименти. Ергономија, квалитет и завршна обработка на многу високо ниво (иако на прв поглед не изгледа така). Одлично фабричко озвучување (иако кај мене фали влез за екстерен уред или УСБ).
-
Потенцијална негативност: ковчест мењач. Прецизен и со кратки одови, ама „зглобен“
Мене лично ми се свиѓа, пошто ти дава до знаење дека си ставил во брзина, а не дека проаѓаш со жежок нож низ путер. Имам слушнато коментари дека на луѓе не им се свиѓа мењачот, ама тоа си е прашање на вкус нели
-
Негативности: Нагласена бучност во кабината (би требало да е средено со поновите модели, мојот е од првите што ги донесоа тука). Спортбекот има значително подобра звучна изолација. ОДВРАТНИ фабрички гуми (Dunlop SP 2050m). Лош тапацир во багажникот (кај поновите не знам како е). Релативно тежок и непрегледен при возење наназад (претпоставувам дека е така за сите седани и си бара навикнување).
-
Што ми пречи: премногу лесен волан. Директен и прецизен, ама без доволно повратна информација. Поголемите гуми го анулираат овој „проблем“. Нема светло во фиокичката. Нестандардните димензии на гумите повлекуваат дополнителен трошок.
Тоа би било, ако те интересира нешто повеќе, слободно прашај