Не знам дали има ваква тема, ако има бришите. Можеби некој ќе мисли дека е незаконски, али по мое мислење тоа се јавни возила и може бар да дискутираме за нив.
Не предложувам да пишуваме таблици на немаркирани возила или прикажување на цивилни полициски коли, туку генерална дискусија за маркираните од типот мотор, опрема, дизел, бензин.
Не има од многу делови, па може да направиме некоја листа со кои типови на возила нашава полиција круза по улици.
Да почнам:
1. Chrysler Stratus - добро познатите, мислам дека возеа 2.5 литарски бензинец со аутоматик менувач. Ако има некој повише инфо, пукајте.
2. Шкода Јети - колку што читав по медиуми, возат 2.0 тди од 170 коњи, или не е точно?
3. Chrysler Voyager ?
4. VW Transporter - мислам дека ТДИ се, ама не знам што поточно
5....
На времето памтам дека сообраќајната во ГВ имаа некое Волво и Опел Кадет ГСИ - бар често ги гледав по регионалниот пат. Ако има некој гостиварчанец, може знае нешто повеќе.
Сигурен сум дека има некои останати интересни низ мк..