Не ме сваќај погрешно, не те напаѓам. Само смешно ми е кога ги слушам муабетиве со коњите, ко рибарине. Сум фатил една риба, на толкаво и беше окото. Затоа прашувам за тоа 750 кое не е измерено туку е избацено од ракав. Баш ме интересира како доаѓаат до толку многу коњи.
Успут, ѕирни колку промени доживува супрата за да ја напукаат на 1300 коњи и види по колку време ги возат воопшто и колку секунди ги возат во опсег каде реално има снага над 1000 коњи. Баш би сакал да видам некоја која ќе издржи кружна трка така набилдана. BTW, да ја напукаш така една Супра ќе те чини во најмала рака 100000 евра.