Автор Тема: Предлог за мала градска кола ~ 3000€  (Прочитано 8199 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #15 на: 29 Ноември 2015, 20:58:48 pm »
Пандата е прилично неквалитетна а Ибицата заобиколи ја, ужасно нешто за возење. Ос пластиката во Гетзот напред се се испосечеш. Јас не би ниту едно од 3-те.
Погледни некое Пежо 206 на пример.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 157
    • real-time adult dating
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #16 на: 30 Ноември 2015, 00:26:58 am »
Ви благодарам на сугестиите.

Денес бев до Куманово да ја погледнам Пандата. Колата на прв поглед и при возење изгледа океј, но забележав дека едниот фар ѝ беше замаглен, па разгледав убаво околу него, беше лепен со нешто како восок(?), а и продавачот ми беше сумлив. Ја купил од прв сопственик, но колата нема сервисна книшка.. Се согласи да ја провериме во сервис, но му реков дека ќе размислам па ќе го контактирам.

Некако не ми направи ќеиф, плус и не беше регистрирана, а таблица имаше само напред. Не му го слушнав добро името на продавачот кога се поздравивме, но ми изгледаше како албанец, па ми стана ептен сумливо.. да не навлегувам, ја прескокнав и заминав до Скопје.

Од сите што ги видовме, овие две највеќе фатија око и се двоумиме која е попаметна опција.

Spark 2012 со 19.000 поминати километри, прв сопственик.. колата е практично нова. Иако го надминува буџетот, не е толку проблем за практично нова кола, но си реков прво да ве прашам за мислење општо за оваа серија на Spark.

Еве линк: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1815926


Втората кола е Aveo 2006 со поминати ~95.000 исто прв сопственик.. тврди дека неодамна е направен комплетен сервис, ја има целата документација и има сет зимни и сет летни гуми возени по една сезона. Моментално ги возеше летните гуми и беа скоро нови, што верувам дека во исто стање се и зимните. Колата ја продава комплет со Туле багажникот за последна цена од 2700€. Единствена мана е што колата нема серво и клима (не прашав за клима, отпосле ми текна па видов дека во описот не пишува ниту на конзолата има копче за клима, но можеби грешам), иако не ми е јасно како може кола од 2006 да нема серво..

Линк: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1767080


Е сега, ми треба ваше мислење околу дилемава. Која би била попаметна опција? 4000€ за Spark-от (по муабетот не верувам уште да симне) или Aveo-то на кое мислам дека може уште барем 100€ да му се спушти? Колата претежно ќе се вози низ град со ретко кратки рути на отворено (пример еднаш месечно) од по ~100-200км, што некако ме предомислува за Spark-от пошто е ептен мал и делува нестабилно со 13-ка гуми..

Благодарам на времето.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг:
« Одговори #17 на: 30 Ноември 2015, 00:35:01 am »
Чекај Миле или некоја женска да го прочита ова, па ќе се изјасни за спарк тој од прва рака искуства ќе сподели.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #18 на: 30 Ноември 2015, 00:37:52 am »
4000 евра за тој спарк (таква кола) се многу... колку сака нека е нов, мислам дека се многу. :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #19 на: 30 Ноември 2015, 00:54:45 am »
Пежо 206 ако е, исклучиво XS модел.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #20 на: 30 Ноември 2015, 08:59:10 am »
Овај спарк е убаво количе. Мене ми се свиѓа.
Често се возам и го имам и возено. Ако не ти требаат никакви перформанси, ама баш никакви, тогаш е ок.
За на отворено, ќе вози, ама споро.

Иначе фино мало количе за женско.
Единствено незнам од која причина светилките цркаат на 5-6 месеци.

А авеото........... заобиколи го.
Брат ми го има поновото............ не го препорачувам. Не дека се расипува нешто, него е многу глупава кола.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг:
« Одговори #21 на: 30 Ноември 2015, 09:12:44 am »
Ај препорачајте ми мене обратно поголема кола,седан. Ќе се вози најчесто градска вожња буџет до 6к макс.
Не пратам многу коли затоа немам никакво искуство и сеа прибирам информации.
Некоја кола конкретно мерак не  ми праи. Најбитно ми е да има помала потрошувачка да не е изгор скапа за одржување и нели да е солидно зачувана.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 157
    • real-time adult dating
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #22 на: 01 Декември 2015, 03:18:25 am »
Се согласувам дека Aveo-то е глупава кола, но со моменталните критериуми и буџет, ми се гледаат како најисплатливи.

Мислење за ова Aveo? Висока му е цената, но претпоставувам дека ќе спушти на лице место некоја стотка.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1828785

Можеби некој го знае, или го има видено?
Колку би била разумна цена за конкретниов примерок вака гледан од слики?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #23 на: 01 Декември 2015, 10:20:26 am »
Добро изгледа вака на слики.
Има доста опрема. Дигитална клима, бандажи, фул електрика, некое си далечинско....
Башка е 1.4 и плин.

Види го обавезно.
На таа километража треба веќе да покажи дали имал проблеми со подвозје.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 157
    • real-time adult dating
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #24 на: 01 Декември 2015, 15:29:37 pm »
Дали некој од вас би имал време да го погледне во наредниве денови?
Да не одам пак специјално до Скопје за тоа.. од Штип сум.

Благодарам.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Предлог за мала градска кола ~ 3000€
« Одговори #25 на: 01 Декември 2015, 20:16:19 pm »
Види со некој поблиску што е, јас сум презафатен деновиве од здравствени причини. Прашај го каде е во Бутел општина па пренеси.