Ви благодарам на сугестиите.
Денес бев до Куманово да ја погледнам Пандата. Колата на прв поглед и при возење изгледа океј, но забележав дека едниот фар ѝ беше замаглен, па разгледав убаво околу него, беше лепен со нешто како восок(?), а и продавачот ми беше сумлив. Ја купил од прв сопственик, но колата нема сервисна книшка.. Се согласи да ја провериме во сервис, но му реков дека ќе размислам па ќе го контактирам.
Некако не ми направи ќеиф, плус и не беше регистрирана, а таблица имаше само напред. Не му го слушнав добро името на продавачот кога се поздравивме, но ми изгледаше како албанец, па ми стана ептен сумливо.. да не навлегувам, ја прескокнав и заминав до Скопје.
Од сите што ги видовме, овие две највеќе фатија око и се двоумиме која е попаметна опција.
Spark 2012 со 19.000 поминати километри, прв сопственик.. колата е практично нова. Иако го надминува буџетот, не е толку проблем за практично нова кола, но си реков прво да ве прашам за мислење општо за оваа серија на Spark.
Еве линк:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1815926Втората кола е Aveo 2006 со поминати ~95.000 исто прв сопственик.. тврди дека неодамна е направен комплетен сервис, ја има целата документација и има сет зимни и сет летни гуми возени по една сезона. Моментално ги возеше летните гуми и беа скоро нови, што верувам дека во исто стање се и зимните. Колата ја продава комплет со Туле багажникот за последна цена од 2700€. Единствена мана е што колата нема серво и клима (не прашав за клима, отпосле ми текна па видов дека во описот не пишува ниту на конзолата има копче за клима, но можеби грешам), иако не ми е јасно како може кола од 2006 да нема серво..
Линк:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1767080Е сега, ми треба ваше мислење околу дилемава. Која би била попаметна опција? 4000€ за Spark-от (по муабетот не верувам уште да симне) или Aveo-то на кое мислам дека може уште барем 100€ да му се спушти? Колата претежно ќе се вози низ град со ретко кратки рути на отворено (пример еднаш месечно) од по ~100-200км, што некако ме предомислува за Spark-от пошто е ептен мал и делува нестабилно со 13-ка гуми..
Благодарам на времето.