Автор Тема: Megane Renault Sport 225  (Прочитано 22108 пати)

Отсутен joco225

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #135 на: 28 Октомври 2013, 15:12:49 pm »
Ако идам пак на Рено, Меганот не ми прави баш кеиф

Многу поише имам мерак на новото Клио РС.

Мало а брзо, со 5 врати и најбитно за мене аутоматик мењач со лаунч контрол.

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #136 на: 28 Октомври 2013, 15:15:56 pm »
да , новото Клио е многу покомпактибилно од Меганот ...  :)

Отсутен joco225

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #137 на: 01 Јули 2015, 22:17:36 pm »
Еве малку апдејт после две години :)

Меганот си отиде, го трампав и доплатив за 2007 Seat Leon FR TFSI 2.0 со 200 кс и со DSG мењач.

Леонот беше топ опција, кола со 5 врати, спортска, со многу брз мењач и многу мала километража. Само 36000км.

Еве неколку слики







Се беше топ ама некако не правеше кеиф колата.
Дали бев премногу навикнат на меганот (кој во споредба со леонот се возеше како картинг) па оваа кола ми дојде некако премногу суптилна и премногу култивирана, не знам.

После неколку месеци и ставив чип Рево кај Амел, ама тој кеиф траеше еден месец и пак почна да ми станува досаден леонот.

Го огласив и никој не се јави, и таман кога воопшто заборавив дека имам пуштено оглас дојде правиот купец кој ја зема колата без ценкање.

Не можев да го одбијам иако немав најдено кола.

Бев решен да земам кола за кеиф, значи некое купе со заден погон, бидејќи цел живот возам хеџбег коли со преден погон.

Ама не успеав да го најдам баш тоа што го барав. Во игра ми беа Мазда RX8, S2000, и можда нисан 350Z.

Хондите ми беа прескапи, маздата ја возев и не ми направи кеиф како влече. А нисан не најдов.

И затоа се помирив со едно Audi TT од 2007 :)

2.0 TFSI со 200 кс. Истиот мотор од леонот :))

Полу кожни седишта, и 64000км.







« Последно менување: 02 Јули 2015, 13:03:43 pm joco225 »

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #138 на: 01 Јули 2015, 22:26:40 pm »
Од досадно ауто на уш подосадно ;D Се шалам, со здравје да си го возиш!

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #139 на: 02 Јули 2015, 00:37:13 am »
Одлично ауто, со здравје да се вози!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #140 на: 02 Јули 2015, 00:50:58 am »
Со среќа да си го возиш ТТ-то Јоле :)

Како ти прави мерак до сега? И кога ќе го мењаш? ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #141 на: 02 Јули 2015, 08:12:10 am »
Хах, каков прогрес. :)

Имавме среќа да се запознаеме во салонот на Seat пред некое време, кога ја сликав купрата караван. :)

Отсутен joco225

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #142 на: 02 Јули 2015, 11:29:06 am »
Хах, каков прогрес. :)

Имавме среќа да се запознаеме во салонот на Seat пред некое време, кога ја сликав купрата караван. :)

Да, ми текнува. Тогаш усте ми беше тазе колава, сега почнува да ме фака сафра и сакам да почнам да ја чепкам. :)

Ама бидејќи ова ми е прва црна кола, почнав екџтренмо многу да се замарам со перење!

Затоа и набавив пеноматор и сега нон-стоп барам пења и се мислам да земам некоја машина да ја исполирам машински сам.

Ке отворам нова тема за ТТ-во па ќе постирам таму.

Банзаи, колава има ист мотор и исто подвозје од Голф 5 ГТИ и од Леонот ФР, ама сепак не е ист филигот за возење.

Полесна е и многу подобро се движи на гас, а и на волан многу е постегната и поосетлива од Леонот.

Исто подвозје, ама вожњата не е иста. Многу е помека вожњата од леонот. И тоа со релативно стари гуми.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #143 на: 02 Јули 2015, 11:32:10 am »
А каков е филингот во ТТ-во спрема Меганот?

Отсутен joco225

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Megane Renault Sport 225
« Одговори #144 на: 02 Јули 2015, 13:08:41 pm »
Фиц, филингот на папучата за гас во мојот Меган е незаменлив!

Многу беше осетлив на гас и многу лесно се движеше на ниски обртаи.

Ауди е пак посуптилно, ама не е лошо, највише ми праи кеиф ниското седење и позицијата на сите команди за управување (воланот, како е поставена километражата, педаљите...итн)

ТТ-во многу добро иде на повисоки обртаи, што за турбо кола е реткост, и многу убаво се залетува на аутопат на поголеми брзини.