Не би рекол дека би требало да се сместат тројца. Значи да, собира тројца, за тројца, ама како што гледаш има место одредено за двајца патници позади. Во средината на местото од потпирачот за раце може да седне и трет човек, но видливо е дека за тој нема седиште.
Во секоја кола ако седнеш тројца во редица тоа ќе биде копромисно решение, зошто во сите коли обично собира двајца да седат паралелно а не тројца.
Е сега ако сакаш некои коли како Ц-Макс од Форд може да ти понудат 3 седишта позади, но тоа ќе е ДАЛЕКУ од комотно седење на тие тројца позади. Освен ако не се многу мали деца.
Колава собира 7 луѓе, ама само собира. Комфор има за 4 луѓе како и повеќето други големи коли.
П.С. Суперб си е Суперб. Озбилно ауто.