Јас го имав во Мазда 6, поминати 110-120 иљади без никаов проблем. Година и кусур ја има член на форумов, нека се допроизнесе. Тој мотор доаѓа со ланче, така да ќе имаш малку што да одржуваш. Негативно е што е осетлив на плин, така да ако ставаш плин мора да имаш капалка и да го подесиш над одреден број на вртежи да работи на бензин (кај мене мислам дека беше наместен над 4500 вртежи). Инаку генерално тие мотори вртат по неколку стотини km без проблеми.