Автор Тема: KIA Optima 1.7 CRDI  (Прочитано 4995 пати)

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
KIA Optima 1.7 CRDI
« на: 26 Октомври 2015, 10:41:48 am »
Еве и јас да ја претставам моето лимузинче

Киа Оптима 1.7 црди (136 кс)
Година на производство декември 2012 и поминати 26.000 км
Потрошувачката во град е околу 7л а на отворено зависи од стилот на возење може и 5л а може и 6л ако ја бркам :)))
Од опрема има све што е стандард за оваа калса на возила што може да се види од сликите
Јас само додав K&N филтер меѓуто го извадив наводно не бил препорачлив за дизели.







Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #1 на: 26 Октомври 2015, 10:47:51 am »
ТОП количе. Со здравје да се вози.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #2 на: 26 Октомври 2015, 10:49:36 am »
Фала Сале поубава да си купиш  :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #3 на: 26 Октомври 2015, 10:53:09 am »
Дали е ова највисоко ниво на опрема ? Тро поќе опрема мислам.. ?   

п.с. ново вакво, колку пари е ? :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #4 на: 26 Октомври 2015, 10:54:11 am »
Паметна постапка ти е купувањето на волку ново возило на старо. Браво што си ја нашол со вака добра опрема, како што забележав кожни седишта има.
Со здравје да си ја возиш. Не заборавај да ја миеш од сол и одоздола зимоска.

Сега загледав дури перфорирана кожа на седиштата. Супер што се црни и бојата на колава погодена... машала реткост.

Ако не е тајна од каде ја зема и ориентационо како одат цените? Ептен ветува!

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #5 на: 26 Октомври 2015, 11:01:37 am »
Има уште едно повисоко ниво на опрема  од оваа а има  плус автоматски менувач, 18 бандажи, сончев кров,и уше некои ситници така да не нешто многу.
Инаку да добро си забележал има кожни седишта, а оваа верзија е околу 25.000 еур. 

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #6 на: 26 Октомври 2015, 11:04:41 am »
Убава кола, и внатре и надвор. Кажи повеќе околу вожњата, како си задоволен? Изолација? Како се однесува по дупки на пат итн.

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #7 на: 26 Октомври 2015, 11:05:57 am »
Заборави да кажам пролета беше кај Даме на ,,улепшавање,, супер ја исполира, али јбг црна боја бара многу одржавање :)

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #8 на: 26 Октомври 2015, 11:12:08 am »
Вожњата е типично лимузинска мека удобна и убави седишта има ги сменив фабричките гуми сеа имам GOOdyer Efencegrip performance и се многу меки и тивки. Претходни имав Елантра новиот модел има многу разлика во вожња. Звучната изолација е солидна. Внатре нема шкрипење и цвркање на пластика и коасе поминува низ дупки. Стегната кола. Менувачот можел да биде и помек за мој вкус но ок е.
Минатат анедела на враќање од Банско после Крива Паланка удрив дупка одма излезе меур на гумата и мораше нова (9000 ден со попуст :(((. Инаку дарот беше многу јак огромна дупка бев на проверка во Киа и на центрирање нема никаква штета освен гумата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #9 на: 26 Октомври 2015, 11:12:37 am »
Потрошувачката во град е околу 7л а на отворено зависи од стилот на возење може и 5л а може и 6л ако ја бркам :)))

Ти уште не си научил да ја возиш другарчуле ;) на отворено може и 4 :P

50% шала. Со здравје да се вози, многу ме бендисува.

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #10 на: 26 Октомври 2015, 11:16:06 am »
 Тешко волкава кола со таа тежина и 136 кс со 4 литри  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #11 на: 26 Октомври 2015, 11:20:40 am »
Ништо не е тешко ако доволно споро возиш. 60кмч на автопат лесно ќе те доведе и до 3 литри.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #12 на: 26 Октомври 2015, 11:21:22 am »
И до смрт.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен caki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 318
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #13 на: 26 Октомври 2015, 11:22:08 am »
А кога не ја возам не троши ни грам  ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: KIA Optima 1.7 CRDI
« Одговори #14 на: 26 Октомври 2015, 11:32:19 am »
Ништо не е тешко ако доволно споро возиш. 60кмч на автопат лесно ќе те доведе и до 3 литри.

И после ДПФ-от се затнал. Е ќе се затнува со такво пензионерско возење.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.