Автор Тема: Застава 750  (Прочитано 3223 пати)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Застава 750
« на: 14 Октомври 2015, 12:21:11 pm »
Здраво на сите долго време сум тука член и секојдневно ги читам сите статии па еве конечно и во оваа тема да напишам нешто лично...

Се работи за застава 750 (или како сите што си го знаеме легендарното фичо) произведено е  1980 година и за мене има големо значење и историја, а причините за тоа се следниве:

1.Фичово е прво возило на татко ми кој прерано починал на моја 2,5 годишна возраст и истото е останато во мирување цели 15 години секако гаражирано. Непосредно пред смрта на татко ми на фичото се променети патосот доле, полумесеците, праговите и задните полумесеци, во времето на мирување бидејќи никој немало положено во моето семејство истото и беше непалено освен повремено вртење на каишите рачно, исто биле понудени разни цени во тоа време но мајками не го продала и благодарен сум и денеска за тоа.

2.Втора етапа од животот на фичото е тоа што послем 15 години стоење се реши дедо ми да го земе и да го вози до пазар и дома иако немам слики тогаш памтам кога го извадивме од гаража дури тркалата му беа блокирани од стоење на фичото, но потоа следеше детално менување до најмал дел што би можел проблем да создаде ( е сега не паметам имаше проблем моторот послем одредено време изгуби компресија како да проверам дали моторот е сменет целиот или истоит е среден со бројките на моторот како идеше таа проверка некој да ми помогне) и годините кој го возеше дедоми го служеше одлично, но повторни дојде моментот пред 2 години кога дедоми го победија годините и остана пофторно паркирано. Следеше моментот кога јас положив и добра воља од мојте дома да ми го регистраат и средат за да го возам јас но мојот инат тогаш и желбата за повново возило да си купам победија и недозволив такво нешто но како минуваше времето се уверив дека преку ноќ не се собираат пари за поново возило.

3. Трета етапа од животот на фичото е тоа што и покрај тоа сеуште немам возило купено како што сакам одлуката дека послем сите тие процедури и наследни постапки конечно фичото ке биде на мое име, а за време на мојот студентски живот решив постепено да го потсредувам фичово за на крај да би го добил соодветниот изглед како кој што си го замислувам јас на списокот работи кој што први ми се при памет и треба да се средат е :

-набавка на акомулатор
-регистрација послем наследна процедура бидејки сега неможам да го средам
-лепење на изолација внатре во кабината
-претапацирање на вратите со штоф сега каков и што ке биде ке видиме
-полирање на сите хромирани делови
-средување на цела внатрешност
-имаше некој провлем со водната пумпа
-проверка на кочници, свекици, каиши, уље
-за крај фарбање
сега некоја слика во продолжение

малку лош квалитет

Дали се реални или не појма немам хахах


можеби малку претерав со деталиве и објаснувањето но сакав целата прикаска на едно место да ја има па здравје постепено ке се средува и се надевам дека ке дојдам до овој изглед еден ден


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Застава 750
« Одговори #1 на: 14 Октомври 2015, 12:46:35 pm »
како шо гледам друже имаш многу работа да го стигнеш словенското. Али кад се има волја :D (и ...пари)...се се средува :)

Сентименталноста нема цена да знаеш.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Застава 750
« Одговори #2 на: 14 Октомври 2015, 15:25:22 pm »
Техничка подрржка на Карклуб ќе го подржува твојот проект и ќе навиваме плус  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Застава 750
« Одговори #3 на: 14 Октомври 2015, 15:27:34 pm »
Втора препорака. Ако веќе се нафаќаш почни веднаш. Ако си „ќе ја направам некој ден“ќе ти умри ентузијазмот...

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Застава 750
« Одговори #4 на: 14 Октомври 2015, 16:55:55 pm »
Добра ти е замислата моето беше бетер од ова твоето моето беше целото скапано а сега повторно му се восхитува на битолските улици повторно ги гази и мене ми беше прва љубов во него се научив да возам доста позитивни коментари добивав кога го возев :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Застава 750
« Одговори #5 на: 14 Октомври 2015, 16:58:07 pm »
А сега не го возиш?

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Застава 750
« Одговори #6 на: 14 Октомври 2015, 17:25:34 pm »
Сега многу ретко ке оди повторно на фарбање и ќе биди само за на изложби и возење само летно време :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Застава 750
« Одговори #7 на: 14 Октомври 2015, 21:25:50 pm »
А сега не го возиш?
сега за сега не се вози треба акомулатор да му купам и да чекам да помине таа наследна постапка преку суд будејки почина дедоми пред извесен период а на негово име се води и прашав неможам сега да го регистрирам така да ке почека уште малку. А желбата нема да изумре ке се среди и ке биде тип топ сега секако можеби малку ке потрае бидејки сеуште студирам.

Отсутен pero sipino

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Застава 750
« Одговори #8 на: 14 Октомври 2015, 21:43:55 pm »
само желба треба и решителност полека подалеку

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг:
« Одговори #9 на: 16 Октомври 2015, 09:19:32 am »
So lesno neka e,

Отсутен Душко96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Застава 750
« Одговори #10 на: 24 Декември 2019, 03:15:25 am »
Што бидна со фиќово ме интересира? баш интересно раскажа членов, се надевам дека го вози.