Автор Тема: Honda Civic 1.4is  (Прочитано 53938 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #195 на: 22 Јуни 2017, 21:32:30 pm »
Периодов што измина сработено нешто на колата.Прво исполирани фаровите пак, еднаш годишно го добиваат овај третман. Сега купив 3М паста за полирање па ќе видиме колку ќе траат сега.Процедурата е следна прво со водна шмиргла убаво да се поминат.После имам сунѓери што се монтираат на бормашина со пастата се поминува, ги поминувам по два пати, последниот пат со сунѓер за финиш што е.И да ќе заборавев и со восок на крајот, за заштита.

Монтиран и централен потпирач за раката, практично нешто, го имам во другата кола па ај зедов и за мојата.
Цена: 1,000 денари

Во меѓувреме направен сервис на плинот, сменети два филтри.Цена 1,000 денари, нареден сервис после 900 работни саати.

И денес конечно после долго време нешто што сакав да го имам го добив.
Spec-D fog lights, донесени од USA од Амазон, 65$.Најверојатно понеделник, неработен ден ќе пробам да ги монтирам.Го видов упатство ќе треба браник вадење за да се монтираат....

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #196 на: 22 Јуни 2017, 22:08:24 pm »
Потпирачот од универзалните е? Не изгледа лошо? Се јавив во цитроен да прашам колку пари е потпирач за ц4 ка и ми кажаа сума како да купувам уште една кола 10500 денари. Затоа прашувам како стои, ако не најдам половен оргинален за цитроен ц4 ке купам од универзалните

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #197 на: 22 Јуни 2017, 22:18:02 pm »
Трајноста на тоа што си полирал не зависи од полир пастата, во главном зависи од заштитата која ќе ја нанесеш после тоа.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #198 на: 22 Јуни 2017, 22:20:55 pm »
Да од универзалните е потпирачот, не испадна лошо воопшто.Во официјален не се ни осмелувам да прашам.
Инаку нанесов восок од thurttle имаш, па таков ставив.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #199 на: 22 Јуни 2017, 22:32:37 pm »
Интересен е потпирачов кај го имаш земено? Цена?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #200 на: 22 Јуни 2017, 22:35:49 pm »
1.000 денари го платив од локална продавница за авто козметика во Битола.
Има држач и за шише позади и пепелник.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #201 на: 22 Јуни 2017, 23:03:51 pm »
Лесно е за монтирање?

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #202 на: 22 Јуни 2017, 23:06:28 pm »
Лесно е за монтирање?

Sent from my F5 using Tapatalk
Да, има две нивоа за висина, јас го монтирав на најниското ми одговара скроз е погодено.Долу држачот што се монтира на централниот дел е пластичен и се подесува по ширина.

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #203 на: 23 Јуни 2017, 01:18:03 am »
Магленките одлични супер ќе легнат, ако не е тајна пиши ми од каде ги зема и колку те коштаа.
Иначе за трајноста на чисти фарови не би рекол дека зависи од заштитата што се става, каква и заштита да ставиш после неколку перења ќе се тргне, а тоа што ги лакираат е најголема глупост што може да постои. Ако колата е изложена на сонце џабе е се.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #204 на: 23 Јуни 2017, 01:26:49 am »
@Busav ај прати ми во ПП слика да видам како изглеа ОЕМ потпирач ако имаш, и ја за мојата барам.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #205 на: 23 Јуни 2017, 06:34:34 am »
Магленките одлични супер ќе легнат, ако не е тајна пиши ми од каде ги зема и колку те коштаа.
Иначе за трајноста на чисти фарови не би рекол дека зависи од заштитата што се става, каква и заштита да ставиш после неколку перења ќе се тргне, а тоа што ги лакираат е најголема глупост што може да постои. Ако колата е изложена на сонце џабе е се.
Кај мене се заштитени со марамчињата од turtle wax уште пред 3 години и гајле немаат. Ниту негде се лупи ниту е пожолтено. Тек па керамика да се стави... Инаку колата се пере во просек 2 пати неделно и со квалитетни шампони (mafra polish express, sonax wash and wax или turtle wax ice) така да не е симната заштитата.

Инаку тоа селското со лакирање е тешка глупост.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #206 на: 23 Јуни 2017, 07:48:05 am »
Магленките од amazon.com беа порачани, од USA ми ги донесе пријател.65$ ме коштаа и плус некое пиво :)

Лакот е глупост најголема, пожолтуваат под него.
Инаку за фаровите, не беа толку лоши пред да ги заебат во перална.Се знаеа флеки на нив и на сите други пластики, дали го имаа оставено средството да се исуши или шо ти ја знам.....Инаку дома и јас редовно си ја перам прво со   dr marcus shampoo wax за пред перење, па после со микрофибер нараквица  и sonax wash & wax и К2 за гумите и бандажите, ама џабе бел бандаж.....никогаш не е чист.Зедов К2 со восок шампион за проба ама не го бива баш....

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #207 на: 23 Јуни 2017, 11:20:16 am »
Магленките одлични супер ќе легнат, ако не е тајна пиши ми од каде ги зема и колку те коштаа.
Иначе за трајноста на чисти фарови не би рекол дека зависи од заштитата што се става, каква и заштита да ставиш после неколку перења ќе се тргне, а тоа што ги лакираат е најголема глупост што може да постои. Ако колата е изложена на сонце џабе е се.
џабе е со петпарачка заштита....нека ти стават некоја од поскапите керамики па ќе правиме муабет.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #208 на: 23 Јуни 2017, 12:33:53 pm »
Тоа 3м пастата со зелено капаче е ?
Ијас набавив пред некое време големо шише па сега да најдам полирка да го поминам бмвто..  Баш пробував рачно на фаровите и нема баш некоја  разлика, мора со полирка да се врви..

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #209 на: 23 Јуни 2017, 13:12:25 pm »
Тоа 3м пастата со зелено капаче е ?
Ијас набавив пред некое време големо шише па сега да најдам полирка да го поминам бмвто..  Баш пробував рачно на фаровите и нема баш некоја  разлика, мора со полирка да се врви..
Да со зелено е, само мора со водна шмиргла прво, со две барем различни една погруба, друга пофина.И послем со пастата и светнува.Рачно не знам не сум пробал.