Проблеми оваа недела со колата....Пред два дена се решив да ги фарбам шепите и добошите, да се освежат малку и да заличат.Го вадам предното тркало и гледам полуосовината цела мрсна, се скинала манжетната од зглобот.Не ја имав приметено кога....ама најверојатно брзо бидејќи имаше прилично многу маст во зглобот а и малку беше напукната.Ајде по пордавници за одма да ја сменам да не си направам проблем и со зглобот.Не најдов каква што требаше, па почекав еден ден да стинги од скопје ashika.
Стигна и одам кај мајсторот да ја смени ама никако не можеше да го избие зглобот па ајде го отвори од кај мењачот и ја смена.Дупло работа за него....ама ај и таму маст нова да освежи.
Добро средено тоа.
Денес низ град по гужвите ми загреа темперарурата замина нагоре.
15мин ми требаше од сатот до дома да стигнам 400 - 500 метра негде со прва тргни застани, го влегов во улица кај мене се слушаше перката на ладњакот дека врти.Паркирам и ја оставам во лер и отворам хауба не врти перката....Ајде парно пушив да дува да му намали температура малку.За 2-3 мин. стигна до нормала на средина, па ја угаснав.
Сомнителен ми беше термопрекидачот, ги проверив контактите и прснав контакт спреј.Термостатот е сменат пред некој месец не знам точно кога беше, ама не вервам да е до него инаку ќе загрева одма т.е многу побрзо.
Ја споив со жица перката врти кога имам контакт дадено.Порачан е денес термопрекидач vernant.Па утре ќе го наместам, не знам што друго би можело да биде.Еве вечерава ја возев не крена температурата нагоре, си стоеше нормално си крева до средина и си стои таму.