Дечки од поодамна ве читам, сега дојде време и да пишам, т.с. да побарам помош.
Сакам да земам возило од 2003-та па нагоре. Преферирам дизел, но не значи дека бензин не влага во игра. Обавезно да има АБС, клима, електрика на прозори барем предни.
До сега гледав и се мислев помеѓу Клио, Цитроен Ц2/Ц3, Корса Ц, Пежо 206 и како малку поголемо Стило.
Некако највеќе ми лежи Клио со 1.5 дци мотор 82 и 105 коња (само не оној со 65 коња затоа што е преслаб). Барем до сега за моторот немам слушнато некој да се пожали.
Исто гледав и со моторот на ПСА 1.4 хди.
Колата претежно ќе се вози низ град, со 2-3 пати месечно возење надвор. Сакам да земам и да си го средам мераклиски. Буџетот би бил ~3000 евра сосе регистрација +/-.
Ве молам дајте предлози, мислења ама издржани или од лично искуство. Благодарност однапред.

п.с. Гледав едно Клио и тоа со убава опрема, од Прилеп, ама како да прочитав нешто за него на форумот од поодамна и не можам да најдам. Ова е тоа
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1674412