Мазда дава 11 години гаранција од корозија. Зошто ти се појавила не знам. Кај мене немаше ама буквално ништо кородирано, ете нека каже Виктор(членот од форумов кој ја купи од мене) дали има или не.
И воопшто не се согласувам околу дизел моторите. Сум возел многу дизели и до сега со нитуеден дизел немало проблем. Сите биле редовно и прописно сервисирани на овластен сервис, гориво полнето во Макпетрол, исто ко контењеров(Круз) кој го возам сега. Сепак дел од кривицата за некои проблеми со контењерот ја префрлам на "стручните" "професионалци" од Аутомакедонија. Мислам дека дизната рикна поради лошо вграден комон рејл, т.е. незаштрафена дизна ко шо треба. Исто и за цревото за гориво кое наводно се откачило, верувам дека "стручњакот" не ставил осигурач. Контењерот практично на секои два месеци седи две недели во сервис, исто ко кантата на сестра ми. Плус два пати ми се усра со нафта па помесец дена го луфтирав. А да не зборам какво ефтино ѓубре од материјали има контењерот спореден со Маздата и колку сето тоа е лошо склопено. Просто опишано Шевролет се канти исто ко кинеските скутери, навидум имаат лик и многу опрема и квалитет како чевли за мртовец.
Околу 1.6 100кс аутоматик, тоа е сосема доволно моќен мотор за во град за жена која не поседува незнам какви шоферски способности. Грешката е што купи Рено. А и за Гољфот не знам колку е рационален изборот, јас не го сакам од субјективни причини затоа што е икона на иридентизмот на Балканот и е пре извикан за она кое го нуди за парите.