Ako puntoto кое ти го понуди членот волнеиос е 1.2 класик моделот тоа е возило кое верувај е 100 пати подобра од астрата.
Во 2007 година ни беше дадено на тест возило.Тогаш моите имаа фиат пунто 2002 година 1.2 со речиси фулл опрема
Ова беше 2007ма со сериска опрема,додека еден друг дечко го возеше моделот исто фиат пунто 1.2 но со фулл опрема
Тестирано беше на релација СКопје Белград заедно со уште 3 коли Пунто класик со фулл опрема,Гранде Пунто и Дукато.
Јас бев во првото пунто класик и морам да кажам дека аутото беше чудо
Врска си немаше со обичното пунто кое го имавме дома.
Вожња поубава(добро можеби зашто беше сеуште прилично ново за разлика од нашето кое беше 6 години старо)
Потрошувачка Од Александар Палас хотелот до Интер континтал хотелот во Белград просек на 100км извади 3.7 литри.
НЕ го газев многу тогаш,бидејќи бевме карван па имавме правила и прописи како да возиме.Но најчесто 100-140км беше брзината.
Се изненадив и од забрзувањето.НЕбо и земја разлика од моето дома и ова иако и двата имаа исти мотори.
Она другото кое беше со клима пунто просечно извади 4.4 литри(веројатно човекот си ја пуштил климата.Топло беше)

Гранде пунто извади 4.5 литри но не паметам дали беше со опрема или без
Не дека те убедувам туку сакав само да кажам дека друга кола вака ми се нема случено да ми потроши.Бев многу задоволен од количето,од тоа како се однесуваше на пат и како влечеше.Незнам како можеше само да толку драстична разлика од ова нашево дома.Веројатно Фиат за толку години го усовршиле до максимум.
Претпостаувам пријателот на Волнеис поради потрошувачката и го земал.Не верувам дека има некоја кола која ќе биде под 4 литри а да е моторот 1.1 или поголем.
Поради ова јас би го препорачал пунто класик како прва опција.Јас едно време толку бев занесен да земам но убав примерок кога барав не најдов.Сите беа удрени и ми се скрши меракот,освен еден кој беше топ али човекот му бараше многу чинам околу 4500 тогаш.
Втора опција би препорачал пежо 206 со 1.1 мотор некое поново барем 2003-2004.Сум возел и Пежо 206 1.1 ама 2001 чинам беше.Послабо влече за разлика од пунтото.Малку е тромав а со потрошувачка на отворено е меѓу 4-4.5 литри.Мене ми се допаѓа доста.Ако се најде убав примерок би препорачал и такво.
Кога сме кај Астра Г мене барем не ми се допаѓа,но ако би земал тоа би било од класик моделот.
Нешто вакво
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1755372Како и да секој си има свои критериуми.Кога би се прашувал јас се под 2006 не би земал.Прво годината ми е најбитна и за цената би гледал да земам најново и најсочувано.А ако е 2000 година тоа веќе е 15-16 години старо.Колку и да го правиш и уложвуваш пак ќе биде старо
и само ќе му паѓа вредноста.И го знаеш она кога бевме мали како викавме.Еј овој чичково вози скапаница.Така да со Х кола од 2000 година за некое кратко време ти повеќе ќе бидеш поблиску до епитетот дека возиш скапаница отколку саглам возило.
Пежо би земал и постаро до 2003-2004 само бидејќи дизајнерски е доста убаво.Се под тоа не би помислил.Сум гледал и пежовци но ретко да најдам убав примерок и од ова.Баш вчера гледав едно и се разочарав.
Пунто класик,АСтра Г класик се коли со убави години,па ако најдеш убав примерок ти може воопшто и да не вложуваш туку само да возиш.
И на крај пак да ја продадеш кога и да сакаш.но и да вложиш кај 6-7 години и кај 15 години кола не е исто нели.Пак ќе ти се исплати,
Канти од 2000 година секој втор ден ќе се расипува по нешто,па повеќе ќе си бидеш под и над неа,отколку во неа.Па и да нема многу поминато само 15 години што стои па нечини.
Е сега твое си е.Ако си сакаш АСтра Г од 1998 или 2000 година никој неможе да те спречи во купување.
Ти тука веќе си доби две добри понуди(барем се надевам дека се такви)На пријателот на волниос пунтото и на Сале пежото 206
и двата модели се барем проверени.Незнам на Сале само која година е пежото.Ако е 2003-2004 или поново би било супер.
За пунтото и 2008 година немам зборови.Нова кола