Автор Тема: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г  (Прочитано 2982 пати)

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« на: 29 Септември 2015, 12:48:04 pm »
Здраво, вчера поручек кога се враќав од работа кога ја запалив колата се слушаше некој звук како завивање од задниот дел на колата али стигнав до дома без проблем, денес сабајле кога сакав да ја запалам беше скроз мртва, вергла али не пали. Па ја одшлепав до кај Митревски.
Според моето знаење и симптомиве ми мириса дека отишла пумпата за гориво, а проблемот е што бензинец, а во МК се доста ретки (растурени) од овој модел.
Па ако некој знае каде може да има растурена А4-ка бензинец од 2002г па нагоре информацијата е добредојдена??!!!!

П.С. барав во ОТО траде нова, немаат за ова годиште само за постарите 1.8Т...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #1 на: 29 Септември 2015, 13:23:19 pm »
А во еуро07 да се јавиш?

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #2 на: 29 Септември 2015, 17:35:30 pm »
Прашав во Еуро07 и немаа на лагер, само по нарачка од Бугарија и се чекало околу 2 недели.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #3 на: 29 Септември 2015, 17:49:59 pm »
Вози ја на плин тие две недели и пали ја директно на плин.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #4 на: 29 Септември 2015, 20:08:37 pm »
Уредот е така дизајниран да не можеш да ја запалиш на плин колата, туку автоматски се пали на бензин и кога ќе постигне 40Ц се пребацува автоматски на плин.
Затоа и морав да викам шлеп служба за да ја однесам на сервис пошто не можеше воопшто да запали колата...

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #5 на: 29 Септември 2015, 20:19:21 pm »
А проба да држиш на копчето од плинот и да верглаш? Ако не, пробај така и вози ја додека да ја средиш.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #6 на: 30 Септември 2015, 00:27:25 am »
Уредот е така дизајниран да не можеш да ја запалиш на плин колата, туку автоматски се пали на бензин и кога ќе постигне 40Ц се пребацува автоматски на плин.
Затоа и морав да викам шлеп служба за да ја однесам на сервис пошто не можеше воопшто да запали колата...


кој уред има колата? чив бренд... затоа што скоро и не постои уред што неможе да пали на плин директно.. има копче за тоа... т.е. на истото копче за механичко мењање плин-бензин, ако го задржиш малку ке запали на плин директно... даваш контакт со стиснато чекаш малку, ке почне да ти трепка за плин и верглај...

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #7 на: 30 Септември 2015, 00:36:36 am »
Пробував дали има некаква шема со дугмето и порано ради тоа што еднаш неќеше да се пребаци на плин и пробував рачно да го пребацам али неуспешно. Тогаш ги контактирав и од Плимонт, и они ми кажаа дека не може да се пребаци рачно туку мора системот да детектира параметри на моторот - 40Ц и над 2000rpm за да се префрли на плин....
Системот е "Landirenzo LSI Plus Max " и нема механичко копче туку само еден тастер

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #8 на: 30 Септември 2015, 00:44:12 am »
не реков механичко коче, туку реков копче за механичко префрлање бензин-плин... значи не автоматско...

опцијата за палење на плин директно, нај веројатно ти е изгасена од компјутер...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг:
« Одговори #9 на: 30 Септември 2015, 07:59:11 am »
Izvadi ja pumpata i so mustrata kje najdes

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #10 на: 30 Септември 2015, 16:55:09 pm »
Најдов нова "Заменска" пумпа за бензин Magneti Marelli и не е страшна цената 4350ден, али проблемот што на ориналната од колата пишува дека е 4 Bars, оваа што ја најдов е 3 Bars.
Значи според каталог на Magneti Marelli вика дека оваа е пумпата, арно ама оваа разлика од 1 Bar ми прави шубе...
Дали имал некој искуство со ова, да не појавува после грешки богата/сиромашна смеса или пак да се гуши моторот???

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #11 на: 30 Септември 2015, 18:17:01 pm »
4бара? Па не раниш ти мајсторе 300-400 коња :D

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #12 на: 30 Септември 2015, 19:09:32 pm »
Аутото ти е 1,8 не е 3,0 ., мислам дека со 3 бари ќе брка работа без проблем, сепак
прочитај колку бари пропишува Ауди за твоето возило, инаку вообичаено е BOSCH
производител на повеќето пумпи кои што се вградуваат во европските возила.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #13 на: 30 Септември 2015, 20:12:14 pm »
Пумпата што е расипана која е највероватно и фабричка, пишува дека е 4 бари и е VDO - фирма.
Сурфајки по форуми и гледам дека VW со истите мотори 1.8Т вградува пумпа која е 3 бари, а AUDI вградува 4 бари.
По каталог AUDI A4 1.8T и 3.0 ја користат истата бензиска пумпа...
Мене мие да не се направи некаков проблем поради помалиот притисок (за 1 бар) во системот за гориво и да почне да покажува грешки (сиромашна/богата смеса)...

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Помош!!! Пумпа за Гориво-Бензин за AUDI B6 1.8Т 2003г
« Одговори #14 на: 30 Септември 2015, 20:33:09 pm »
Притисокот нема да биде сменет, доколку регулаторот е екстерен, односно не е интегриран со пумпата.
Треба само да се внимава дали пумпата може да испумпа дадена количина под даден притисок. Доколку на пример, пумпата има 160л/ч на 3 бари, тогаш веројатно ќе има преку 120л/ч на 4 бари (грубо). Има за некои пумпи табели колку можат да испорачаат.
Доколку не е доволно моќна пумпата, ќе се почувствува тоа само при стискање на повисоки вртежи, со широко отворена гас.