Автор Тема: Промена на сопственост на авто приколка  (Прочитано 5466 пати)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Промена на сопственост на авто приколка
« на: 27 Септември 2015, 20:10:55 pm »
Се работи за приколица во сопственост на татко ми. Приколката има регистрација издадена како трета таблица за старата кола на татко ми, ама колата е продадена.

Што треба да се направи со приколката за да биде на мое име со моја регистрација? Треба да се одјави старата претпоставувам и да се извади трета таблица како мојата регистрација. Дали треба да го барам човекот на кој што ја продадовме колата или тој нема врска со ова?

Моментално на мојата немам ни кука. Некоја препорака од кај да земам и цена од прилика? Дали кука можам да купам на старо и после тоа да ја атестирам? И дали се универзални или морам да барам за мојата кола конкретно?

Секој совет или искуство се добредојдени :)

Отсутен yasho

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #1 на: 28 Септември 2015, 00:40:13 am »
Истово и мене ме интересира, ќе се најде ваљда некој поупатен да не научи.
Мада колку знам сега нема трета таблица, треба за приколката да си земеш башка таблица, сообраќајна, тех.преглед мислам на 3 год...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #2 на: 28 Септември 2015, 00:46:51 am »
грешка си... има до која килажа на приколица (носивост) и конструктивна маса се со трета таблица... над тоа со своја сообраќајна...


по прашање за добивање трета таблица... процедурата е следна:

-оригинална фактура за приколката
-оригинална фактура за набавка и монтажа на атестирана (еуро) кука
-на шалтер во мвр поднесуваш, ти одобруваат, и или чекаш 1 ден или идеш директ у раде кончар, за неколку саат ја добиваш, а во сообраќајна ке ти пишува дека имаш 3-та таблица...

е сега... приколката мора да има документ... ако е од брако велес, ке треба да ја донесеш кај нив прикоката и по бројот на шасијата што е на една алу плочка, ке ја најдат кај нив во архива... ке кажеш дека е од татко ти, ама дека он више не вози и дека ти ке ја користиш и ке ти дадат фактура која ке те кошта 1200 денари.. тоа е уствари сума која ја плаќаш за проверка на веродостојност (така они го крстиле) дека приколката е нивна и оригинална...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен yasho

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #3 на: 28 Септември 2015, 04:42:20 am »
Фала за одговорот,  како ретко кога ми е драго што сум грешка на оваа тема.
Единствено треба да проверам дали морам да носам документ за куката ако таа е впишана во сообраќајна. Имено, колата кога е увезена имала кука, била запишана во странската сообраќајна, и по редот на нештата впишана е во хомологацијата и во нашата сообраќајна како приклучен уред.
Мада не знам која глупост им е на мвр ова со оригинална фактура, кога една таква им однесов првиот пат кога ја регистрирав приколката,  сега треба пак да ја "купам" од Брако,  или за памет да си направам 5-6 копии верни на оригиналот и да им ги носам секогаш кога ќе сменам кола.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Re: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #4 на: 28 Септември 2015, 08:12:32 am »
А ако веќе има трета? Татко ми рече дека имал некои документи и копии. Значи во Мвр да се отиде

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #5 на: 28 Септември 2015, 11:23:07 am »
А ако веќе има трета? Татко ми рече дека имал некои документи и копии. Значи во Мвр да се отиде

e ako де.. нека има трета таблица.. третата таблица е врзана со автомобилот, не со приколката... би било коректно да му ја дадеш на човекот што ти ја купил колата... негова си е, не е твоја... во таа сообраќајна на таа кола пишува дека има издадено трета таблица, која е ист број со тој на колата... така да...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #6 на: 23 Декември 2015, 17:05:36 pm »
Информација за ако на некој некогаш му притреба.

 - Значи, во МВР на шалтер 11 се носат таблиците од приколката и се прави барање на потврда за сопственост на приколка (таблиците ви ги земаат);
 - После 5 работни дена се подига барањето, и со потврдата за сопственост се оди на нотар да се завери промената на сопственост:
 - Ако колата има кука и ако приколката има направено технички (после 2010 година, приколките се носеле на технички на 4 години), се оди со потврдата, потврда за А тест на кука и технички на приколка пак во МВР ( ми рекоа на технички преглед на тој шалтер на МВР да не барам нова сообраќајна во тој момент);
 - Во МВР се прави промена на сопственост и со таа потврда дека приколката има нов соптвеник се оди на шалтер на МВР и се бара нова сообраќајна;

Јас уште немам кука ставено, па ако знае некој што прави за со А тест нека сподели :)

Отсутен cherepnalkovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #7 на: 27 Јануари 2021, 10:46:27 am »
Информација за ако на некој некогаш му притреба.

 - Значи, во МВР на шалтер 11 се носат таблиците од приколката и се прави барање на потврда за сопственост на приколка (таблиците ви ги земаат);
 - После 5 работни дена се подига барањето, и со потврдата за сопственост се оди на нотар да се завери промената на сопственост:
 - Ако колата има кука и ако приколката има направено технички (после 2010 година, приколките се носеле на технички на 4 години), се оди со потврдата, потврда за А тест на кука и технички на приколка пак во МВР ( ми рекоа на технички преглед на тој шалтер на МВР да не барам нова сообраќајна во тој момент);
 - Во МВР се прави промена на сопственост и со таа потврда дека приколката има нов соптвеник се оди на шалтер на МВР и се бара нова сообраќајна;

Јас уште немам кука ставено, па ако знае некој што прави за со А тест нека сподели :)

Дали ја заврши постапкава ?
Гледам дека ова е од 2015-та година..
Случајно да не има некој нови информации?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Промена на сопственост на авто приколка
« Одговори #8 на: 27 Јануари 2021, 15:55:41 pm »
Информација за ако на некој некогаш му притреба.

 - Значи, во МВР на шалтер 11 се носат таблиците од приколката и се прави барање на потврда за сопственост на приколка (таблиците ви ги земаат);
 - После 5 работни дена се подига барањето, и со потврдата за сопственост се оди на нотар да се завери промената на сопственост:
 - Ако колата има кука и ако приколката има направено технички (после 2010 година, приколките се носеле на технички на 4 години), се оди со потврдата, потврда за А тест на кука и технички на приколка пак во МВР ( ми рекоа на технички преглед на тој шалтер на МВР да не барам нова сообраќајна во тој момент);
 - Во МВР се прави промена на сопственост и со таа потврда дека приколката има нов соптвеник се оди на шалтер на МВР и се бара нова сообраќајна;

Јас уште немам кука ставено, па ако знае некој што прави за со А тест нека сподели :)

Дали ја заврши постапкава ?
Гледам дека ова е од 2015-та година..
Случајно да не има некој нови информации?

Завршена е да, ама дали има некоја нова процедура не знам.

Куката ја купив од дечко Тони мислам дека се викаше. Дава документи и А тест направив во Аутомакедонија, таму сликаа средуваа.