Автор Тема: Животен век на халогени сијалички  (Прочитано 6811 пати)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #30 на: 18 Септември 2015, 15:14:04 pm »
Кај мене прегорува десната сијалица. Досега имам 3-4 пати сменето, некогаш на 5000км некогаш на 10000 ама строго десната. Левата нема никаква мака. Купувам нарва Х7. А откога ќе прегори ја дава на борд дека не работи, го чукнувам фарот и проработува ;D . Додека да сменам друга така си терам и никогаш не сум без светло. Претпоставувам дека има некој контакт што не треба да го има, но не е многу често и скапо за да се замарам со електричари.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #31 на: 18 Септември 2015, 18:57:50 pm »
Јас пред една година ставив од најтбрејкер, еве 15 000км имам со нив и тоа постојано се на ауто и уште немаат цркнато. Можеби има нешто до електрониката како што спомна ЗокиПет претходно некаде.

Исто и кај мене, проблеми со Најтбрејкер немам.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Турбо

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #32 на: 18 Септември 2015, 23:14:07 pm »
Сакам да споделам нешто во врска со оваа тема.

Имам еден другар што ми се жалеше дека халогенките на фаровите (Н4) не му траат долго.
Рандом брендови на светилки издржувале рандом време, од три месеци до не повеќе од една година...
Еднаш кога бев кај него на гости муабетевме на таа тема, и ај во гаража да видиме што е работата...

Има Golf 3 Variant, го вози најчесто преку ден и над 90% од времето со кратко светло, и после неколку казни за возење без светло ме замоли да му ставам некој индикатор што трепка ако ја стартува колата, а заборави да ги вклучи светлата.
Е сега за проблемот со светилките на фаровите, најчесто му горело краткото светло, во гаража имаше најмалку дваесетина светилки со изгорено кратко а исправно долго светло.
Еднаш кога дошол дома навечер, ја изгасил колата но не ги исклучил светлата и забележал дека кога го изгасил моторот светлата светеле за неколку нијанси послабо отколку со стартуван мотор.
Земал мултиметар да мери на краткото светло колку напон имало на исклучен мотор а колку на вклучен.
Измерил 11,4 волти на исклучен и 13,7 волти на вклучен мотор (алтернаторот мора да дава повисок напон за да може акумулаторот да се полни).
За секој случај, го врзал мултиметарот на светилката како амперметар, и видел дека светилката влече малку повеќе струја на 13,7 волти отколку на 11,4 волти.

Според некоја логика, на пакувањето на светилките пишува дека работат на 12 волти а не пишува дека е безбедно да работат на 13 или 14 волти, па според тоа заклучил дека поради повисокиот напон светилката генерира повеќе топлина и светлина, и поради тоа и е намален векот на траење.
Ме прашуваше дали може да се направи стабилизатор на 12 волти барем на краткото светло, па колку толку да се зголеми векот на светилката.
Јас му реков дека може, но му предложив поедноставно и поевтино решение.

Имено, силициумските исправувачки диоди имаат пад на напон од 0,6 до 0,8 волти по диода...
Земав две диоди и ги поврзав сериски, вака (  ----|>----|>----  ) и со тоа измерив пад на напон од 1,6 волти.
Диодите беа со максимална струја од 10 ампери и бидејќи краткото светло е 55 вати и според тоа 55:12=4.58 ампери што значи дека можат да ја издржат таа струја без проблеми
Ги скинавме жиците за кратко светло и ги монтиравме диодите.
При мерење со стартуван мотор на краткото светло пред диодите измеривме 13,7 волти, но после диодите измеривме 12,1 волт.

Претходно другаров имаше инсталирано нови Осрам Најтбрејкер кои му издржале околу седум месеци, а имаше од истите уште еден пар како резерва.
Ги ставивме новите со оваа модификација, и да чукнам во дрво еве како ги вози истите веќе четврта година по ред.
Вели дека нема голема разлика во светлината без и со диодите, најбитно му било да не фрла многу пари на светилки.

Е сега, да не ме сфатите погрешно, не велам дека сме измислиле топла вода или којзнае што, ама мислам дека нема што да се изгуби многу ако се испроба оваа финта.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #33 на: 18 Септември 2015, 23:26:43 pm »
Да. Тоа е принципот на работа нa DRL светла во коливе. Ги палат долгите светла најчесто на 50% јачина.

Може и да се поврзат во серија двете долги исто така ако ти е доволно 25% јачина.

Имаше еден избеган на форумов што ставаше сијалички за камиони кои се за 24V, во кола и така тие светеа вечно.

А јас имав во претсобје две сијалици врзани сериски 1981ва ставени, и беа извадени 2011та кога реновиравме. Светска работа.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #34 на: 18 Септември 2015, 23:50:27 pm »
Кај мене прегорува десната сијалица. Досега имам 3-4 пати сменето, некогаш на 5000км некогаш на 10000 ама строго десната. Левата нема никаква мака. Купувам нарва Х7. А откога ќе прегори ја дава на борд дека не работи, го чукнувам фарот и проработува ;D . Додека да сменам друга така си терам и никогаш не сум без светло. Претпоставувам дека има некој контакт што не треба да го има, но не е многу често и скапо за да се замарам со електричари.
поише би рекол дека губи таму кај што треба да има...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време