Имам на фиестата од пазар купил татко ми веќе месец дена, за 150 денари.
ЗНАЧИ ВНИМАНИЕ! ТОА Е ОПАСНО ПО БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ!
Вчера возев по дожд и не ме занима кој што и како збори, оноа брише ама низ стаклото не се гледа. Тоа е озбилно опасно. Ем врне ем ти не гледаш, рецепт за катастрофа!!! Сериозен сум. Значи барем за возачкиот брисач мора да се инвестира во квалитетно решение, ако ви се штеди, штедете на десниот или на задниот.
Во затвор се лежи ако собереш некој зошто не си го видел.
Брисачите се ужасни и најлошо од се е тоа што они БРИШАТ, не е дека не, ама не се гледа низ стаклото. Значи оставаат ТАМАН колку што треба за да не се гледа НИШТО. За возач, никако. За се друго океј.
Ќе му купам еден асален за возач, зошто и јас ја возам колата, не за друго.
-------------------------------------
Оригиналните на Полото ми беа најдобро искуство со бришачи на планетава. И 3 години совршено, ама баш совршено работеа. После земав Чемпион, као марка, и еве не се лоши ден денес. Ама не е тоа-тоа.