Се е тоа превара и сите се тие исти.
На пример Ферал колегава ги има околу 3 или 4 години и тек сега почнаа да му покажуваат знаци на истрошеност и дека треба да се менуваат.
Јас до сега брисач за кој не можам да кажам лош збор е BOSCH. 2002 година кога ја купив колата, ги ставив, ги купив од Баумаркет, мислам дека 1200 денари беа, и наредни 5 или 6 години заборавив што се брисачи. Алал парите секој денар. Криво ми е што сега кога бев последен пат пред нова година у Германија не си купив исти.
По нив ставив Валео, траеа година дена и се распаднаа...
После нив ставив Шампион, фино бришеа 6 или 7 месеци и понатака повеќе линии ми оставаа ама тераа уште година и нешто, како и Валеото, па за на крај да се распаднат комплет.
На крај купив Праксис 1 за 300 денари, два комада, и за тие пари се супер. Еве ги после година дена тераат и солидни се...Појавуваат мали знаци на оштетеност, но далеку се за менување. Сигурно има уште година дена да тераат без проблем. Значи 300 денари за 2 години и 700 денари за две години за бренд како Валео и Шампион не би споредувал. Срамота е да ги величам.
Незнам какви се Лукас, ама ми ги пофалија неколку луѓе. Скапички се, но можеби вредат.
На 206-ката пред две недели ставив Праксис 8, двата ги платив 550 денари, за сметка на тоа што за Валео или Шампион требаше да одвојам 1100 денари. Значи овие да ме траат една година, наредна пак ке си ставам нови.
А ако земев од другите, ке ме траеа 2 години и нервози зошто толку ги платив, а се срање. Ене го Валеото да ви го сликам ставен пред две години и платен 700 денари, долгиот и краткиот 350 или 400...Да видите на што личат.
Инаку одлично искуство имам и со најкинеските брисачи, најефтините, оние у Ауто лидер за 80 денари, 2 комада што ги продаваат. Скогаш купувам такви за задни брисачи

На 101-от имав такви и ме тераа повеке од 3 години...Колата беше надвор, значи ни гаража нит ништо

Е ај сеа да ве видам...
